Рубрика: Автомобилска техника
Skyactiv технологија (2)
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во минатиот број на ЕМИТЕР се запознавме со технологијата Skyactiv D за дизелските мотори. Овој напис целосно ќе биде посветен на технологијата Skyactiv G за бензинските мотори. Ќе дознаете како им успеа на инженерите на "Мазда" да го наголемат степенот на компресија на бензинските мотори од околу 11 на 14, а со тоа да го наголемат термичкиот степен на корисно дејство за околку 6,6%, што е извонреден резултат кој се огледува во поефикасен и поштедлив мотор т.е. мотор кој го красат поголема специфична силина, а истовремено помала специфична потрошувачка на гориво.

За разлика од дизелскиот мотор, бензинскиот мотор е посебна, дијаметрално спротивна приказна. Во принцип, она што важи за дизелските мотори не важи за бензинските мотори, или, сè она што значи подобрување и усовршување на дизелските мотори, за бензинските мотори е уназадување, и обратно. Оттука, ако за дизелските мотори скромното намалување на степенот на компресија е добивка, за бензинските мотори важи обратната релација, односно за нив наголемувањето на степенот на компресија е добивка (види во воведот во првиот дел од оваа тема од претходниот број на ЕМИТЕР).
Да го разгледаме поблиску моторот Skyactiv G на фирмата "Мазда".

Клучни зборови:

Реален изглед на издувна гранка на моторите Mazda Skyactiv G

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.