Емитер 1/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ова е еден од најнепријатните дефекти којшто можат да се случат. Целосно сме затечени и оставени на цедило! Единствена светла точка е релативно едноставна дијагноза на дефектот. Со други зборови, случајот е чист: се проверува исправноста на неколку системи или се проверуваат некои "меѓувредности" на горивото или електричната инсталација (нисконапонската и/или високонапонската), при што најчесто се доаѓа до дијагноза. Ќе остане само отстранување на веќе дијагностицираниот дефект. Накратко, тоа е темата која ќе нè преокупира во овој текст.
Конечно имаме чиста ситуација во дефектите на моторот кои до сега ги разработувавме. Од тој аспект ова е наједноставниот случај, затоа што добиваме јасна слика од симптомите од типот дали некој уред или систем од моторот работи или не работи. На пример: во карбураторот или доаѓа гориво или не. Ако не доаѓа, проверуваме дали има бензин во резервоарот, и ако има гориво, дали работи бензинската пумпа, ..... Истото е и со системот за палење. Ако свеќичката фрла искра, добро е, а ако не фрла, се бара причината за тоа. Овие се првите два најважни чекора кој мора да се направат при ненадејно запирање на работата на моторот. Тука "лежат" 90% од проблемите од овој тип. Во реалноста ситуацијата може да биде малку покомплицирана. Во овој напис ги прикажав единаесетте најчестите можни причини за ненадејно престанување на работата на моторот. Внимавајте, се работи за најчестите причини. Конкретните ситуации секогаш можат да изненадат.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.