Електроника

Самоградба на радиоприемник во денешно време секако дека е неисплатилва работа, но затоа е забавна, интересна и полезна од аспект на стекнување знаења и вештини од областа на радиотехниката. Токму затоа ви нудиме комплетен минијатурен ФМ-радиоприемник направен со TDA7000 и TDA3810 кој веруваме дека ќе биде вистински предизвик за сите електроничари - хобисти и ученици.


Енергетика

Енергијата од сончевите зраци која паѓа на Земјата за само 40 минути е еднаква на енергијата која се троши годишно на целава планета. Според економскиот план на САД, во следните 40 години би требало да се инвестираат 400 милијарди долари во развојот на соларната енергија, за да се комплетира планот до 2050 година. Инвестицијата е голема, но ефектот кој ќе следува ќе биде уште поголем. Дури 300 големи термоцентрали на јаглен, како и 300 централи на природен гас ќе бидат затворени.


Омнибус

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, "скришум" ѕирнавме во торбата на Дедо Мраз и видовме некои интересни работи кои ни ги подготви за годината која е на прагот.


Физика

Чудниот постулат на квантната механика, дека секоја елементарна честичка може да биде на неограничен број места во исто време, отвара едно многу провокативно прашање: зошто и ние не можеме да бидеме на повеќе места во исто време, кога сме составени од елементарни честички?


Астрономија и астронаутика

Нови телескопи се подготвуваат да пронајдат илјадници опасни астероиди и комети кои би можеле да ги стават политичките лидери пред тешки решенија. Научниците ги повикуваат Обединетите Нации на координирана одбрана на Земјата од астероиди.


Електроника

Различното ниво на осветленост во домашниот амбиент, во зависност од потребите (читање, одморање, гледање телевизија...) е потреба на секојдневието. Недостатоците од класичните регулатори на светло: механичките елементи, хистерезата и генерираните пречки, стануваат минато со изградбата на овој модерен сензорски регулатор. Сензорскиот регулатор освен тоа што обезбедува континуирана физиолошка регулација на осветленоста, го продолжува и животниот век на светилките.


На граница на науката

Пред вас е последниот дел од фељтонот "Мистеријата наречена НЛО". Во тек на изминативе 14 месеци се обидивме да ви ги приближиме размислувањата и од двете "спротивставени" страни – уфолозите и скептиците. И двете страни понудија мноштво информации, докази и факти, па така секој ќе може да си донесе свој суд за прашањето – дали навистина постојат "летачки чинии" и дали тие имаат вонземно потекло?


Аеронаутика

Првата светска војна – еден од најужасните периоди во човековата еволуција, претставува своевидна пресвртница во начинот на војување. Во рамки на оваа исклучително крвава војна за прв пат се раѓаат нови родови во состав на армиите – оклопните единици и единиците на воените воздухопловства, кои како родови ќе прераснат во главна движечка сила на модерните армии се до ден-денешен.


Информатика

Многу често домашните корисници на PC воопшто не размислуваат за безбедноста и сигурноста на нивните податоци. И како што најчесто е случај, дури откако ќе се случи некоја хаварија на системот и губење на важни документи и доверливи датотеки, тогаш стануваат свесни за потребата од преземање одредени мерки за превенција на вакви случувања. Затоа, програмите за бекап се неопходни за сите кои не сакаат да се најдат во ваква ситуација.


Автомобилска техника

Ова е еден од најнепријатните дефекти којшто можат да се случат, но дијагноза на дефектот е едноставна: се проверува исправноста на неколку системи или се проверуваат некои "меѓувредности" на горивото или електричната инсталација (нисконапонската и/или високонапонската), при што најчесто се доаѓа до дијагноза. Ќе остане само отстранување на веќе дијагностицираниот дефект. 


Фототехника
Правило на третини на дело

Што е тоа што го прави едно ликовно дело благопријатно за нашето сетило за вид? Што е тоа што кај нас понекогаш предизвикува одбивност кон некоја визуелна перцепција? Зошто некои ликовни дела остануваат длабоко врежани во нашата меморија, додека други дури не ни ги забележуваме?


Електроника

Ова е едно од најчесто поставуваните прашања кај електроничарите – аматери па и електроничарите професионалци, со оглед на тоа дека повеќето од нив само "протрчале" по предметите кои се однесуваат на електроенергетиката. Нашата цел е да направиме процена за моќноста на мрежен трансформатор користејќи едноставни мерења и инструменти.


Телекомуникации

Желбата да се слушне човечкиот глас во вселената, да се има глобален прозорец кон Земјата го даде својот производ сателитот. Овој текст му е посветен нему, а и на сите негови претходници, создадени поради гладот за знаење и глобална комуникација.


Информатика

Популарниот и неизбежен NERO стигна до својата деветта генерација. Поинаков изглед, побогат со функции….но дали сето тоа е неопходно?


Електроника

Денес комуникацијата стана толку лесна и пристапна што лесно потпаѓате под убедување дека мора да бидете достапни во кое било време. Мобилните телефони и лаптопи станаа редовен дел од опремата за патување - која и да е целта на патувањето, па дури и кога заминувате на одмор. Но, која беше изворната цел на одморот? Ах, да, опуштањето, релаксирањето... Овој уред ќе ви помогне да не заталкате по работните лавиринти, преоптоварувајќи го вашето тело и ум.


Електроника

Игра на зборови или нешто друго? Сепак, се работи за уреди со масовна примена во разни области на животот. Ласерот е уред кој емитува насочен светлосен зрак со многу мал напречен пресек и тесен спектар на бранови должини. Најраспространета примена на ласерите е за снимање и читање на компакт дисковите, како оптички мемории и за фибер оптички комуникации. Општа примена наоѓаат кај бар-код читачите, ласерските печатачи и ласерските насочувачи.


Аудио и видеотехника

Samsung VP-HMX20C како Full HD камкордер кој записот го архивира на флеш меморија, е еклатантен пример за најновиот степен на развојот на видеографијата. Во едно максимално компактно и убаво дизајнирано куќиште се сместени многу квалитетни, корисни и практични технолошки достигнувања, со кои овој апарат е способен да понуди огромен степен на забава и уживање во занимавањето со него.


Аудио и видеотехника

Видеосвичерите на FOR-A беа водечки и популарни видеосвичери на СД пазарот. Продолжение на тој тренд се новите дигитални миксери од серијата GINGA (Galaxy). Инаку, Galaxy ("GINGA" на јапонски) значи Галаксија, а името упатува на нешто големо во своите можности. GINGA серијата е нова гордост на FOR-A и претставува последен продукт од линијата на дигитални видеомиксери. VPS-715 е 1.5M/E analog/digital video switcher кој има ист концепт како и VPS-700, но е со 1,5M/E конфигурација.


Астрономија и астронаутика

Да, точно, вселената постојано се обидува да нè убие. Нè затрупува секојдневно со космичка прашина, нè изложува на опасните сончеви ветрови, нè остава изложени на удари од комети и метеори и како сево ова да не е доволно, нашата матична ѕвезда е како темпирана бомба програмирана да експлодира...


Фототехника

Заврши "ФотоЕмитер" за 2008, нашата рубрика каде што читателите ги презентираа своите фотографии и при тоа освојуваа вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаа и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Време е за анализи, за подготовка на годишната ретроспективна изложба и за доделување на годишните награди.


Информатика

Со оглед дека Интернетот навлезе во сите пори на модерното живеење, логичен продолжеток е неговиот продор во вселената. Дали е тоа можно? Експериментот на НАСА вели – да!


Информатика

DDR 400, DDR 2 800, DDR 3 1333 MHz Калабалакот од поими никогаш не бил поголем, но, сепак, сите знаат дека се во прашање РАМ мемории. А дали се запрашале – како работат истите?


Информатика

Не е толку далеку времето кога безжичните тастатури и глувчиња имаа високи цени, па поради тоа беа, условно кажано, "непривлечни" за обичниот корисник на PC. Од гледна точка на функционалност и практичност, нема збор за тоа дека безжичните комплети се одличен избор за сите оние кои располагаат со мал работен простор, каде нема место за поставување на сè што им е потребно за удобна работа. Денес, цените на ваквите комплети се далеку пониски, а понудата на пазарот е многу богата и разновидна.


Електротехника

Списокот на неопходните алати кои се потребни на секоја столарска работилница за успешна и квалитетна работа во ниеден случај не е мал. Во денешно време, кога на пазарот на електрични алати има разновидна и богата понуда, крајниот потрошувач често пати се наоѓа во дилема за вистинскиот избор. Но, за сите оние кои знаат да препознаат квалитет и кои барат модерен, издржлив и цврст алат со врвни карактеристики, производите на компанијата Makita се логичен избор.


Автомобилска техника

Моделот Think city, како возило на електричен погон, не е уште едно концептно возило кое укажува на иднината, туку автомобил комплетно подготвен да одговори на секојдневните потреби и предизвици, особено во поголемите урбани места како еден добар придонес во борбата за решавање на сообраќајните проблеми.


Омнибус

Сончевиот систем на Бета Пикторис,
Откриени преклопни својства на наноцевките,
Гигапикселен сензор,
Електроните можат да носат бинарни информации,
Четириесетти роденден на глувчето,
Дешифриран целиот среден текст на древно-македонски јазик од каменот од Розета,
Војната помеѓу GeForce и Radeon HD продолжува,
10 факти за... телескопите,
Слушалки Sennheiser,
Небото над Македонија во јануари,
По трагата на 2008 TC3,


Писма
Уште за плочките, потребниот материјал и повеќе електроника
Моќни операциски засилувачи
Широк ЛЦД монитор на стар компјутер
Не ми функционира програматорот
Аудио проекти и тестови