Рубрика: Енергетика
Енергетска иднина на Земјата (7): Искористување на сончевата енергија
Автор: Борче Милчески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Енергијата од сончевите зраци која паѓа на Земјата за само 40 минути е еднаква на енергијата која се троши годишно на целава планета. Според економскиот план на САД, во следните 40 години би требало да се инвестираат 400 милијарди долари во развојот на соларната енергија, за да се комплетира планот до 2050 година. Инвестицијата е голема, но ефектот кој ќе следува ќе биде уште поголем. Дури 300 големи термоцентрали на јаглен, како и 300 централи на природен гас ќе бидат затворени. Планот би требало да ја елиминира и потребата од увоз на нафта, со што би се ставил крај и на сите тензии и лоши политики на Средниот Исток.

Постојат два начина на искористување на сончевата енергија, и тоа директен и индиректен начин:
- Генерално, директен начин е оној при кој со единечна трансформација на соларната енергија се добива потребната енергијата која ќе се користи;
- Индиректен начин е оној кој со повеќе трансформации ја дава бараната енергија (соларна енергија – топлинска енергија – механичка енергија – електрична енергија).

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.