Емитер 1/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Заврши "ФотоЕмитер" за 2008, нашата рубрика каде што читателите ги презентираа своите фотографии и при тоа освојуваа вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаа и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Време е за анализи, за подготовка на годишната ретроспективна изложба и за доделување на годишните награди.
Во 9-те изданија на "ФотоЕмитер" во 2008 година пристигнаа вкупно 1186 фотографии од 87 автори. Импозантна бројка со оглед дека оваа рубрика се појавува за прв пат во нашето списание. Масовноста донесе и квалитет, иако во ФотоЕмитер не ги видовме најеминентните фотоаматери на Македонија. Тие, можеби подведени од премисата дека ФотоЕмитер има едукативен карактер, во глобала се воздржаа од учество на досегашните девет изданија на конкурсот. А, можеби, и се уплашија од неверојатно јаката конкуренција и од строгите критериуми на селекторот?
И, навистина, процентот на примените фотографии во однос на пристигнатите е многу мал, само околу 6% што го поддредува ФотоЕмитер во фотографските конкурси со најстроги критериуми за прием. Во тој контекст, овој факт треба да ги прави многу горделиви сите оние автори кои влегоа во најтесниот избор.
Во редовните девет изданија на ФотоЕмитер за 2008, примени се 70 фотографии од 30 автори, а наградени се 27 фотографии од 15 автори. Со цел да се прикаже поцелосен приказ на активностите на Фотоемитер во 2008 година, селекторот побара и прими уште 13 фотографии од автори кои веќе имаат примени трудови, како и од 5 нови. Така, на годишната ретроспективна изложба, ќе бидат презентирани 83 фотографии од 35 автори.
Дополнително примените фотографии (по азбучен ред) се: Александар Георгиев (Higher then top), Гордана Српчанска (Шетачи 1), Гоце Васевски (Stairway from heawen и Jing Jang), Енкел Дика (Дремка), Јасна Христова (The performers), Љупчо Ѓорѓиоски (Слика), Никола Ангелов (Водопад сини вир - Тресонечка река), Никола Николовски (Цвеќе), Петар Тутунџиев (Old man in the park), Тања Рибарска (Копнеж по дома) и Томе Трајков (Водопад и Мост).
При оформување на критериумиот за дополнителниот избор на горенаведените автори и фотографии, пресудно влијание имаше и намерата да се оформи една копмактна постановка која едновремено ќе биде благопријатна за човековото око.
Годишната ретроспективна изложба планираме да се одржи кон средината на јануари 2009, а за местото и датумот ќе следи известување преку медиумите и интернет. На изложбата ќе бидат доделени три вредни награди, материјално богато поткрепени од нашиот спонзор Samsung Digimax, и тоа:
- Гран при на ФотоЕмитер - Награда за најдобра фотографија на "ФотоЕмитер 2008"
- Најзастапен Фотограф на ФотоЕмитер – Награда за автор со најмногу примени фотографии на "ФотоЕмитер 2008".
- Надеж на ФотоЕмитер – Награда за најмладиот учесник на "ФотоЕмитер 2008".
Исто така, на изложбата ќе бидат доделени дипломи и пофалници за сите учесници, како и благодарници на сите оние кои придонесоа ФотоЕмитер 2008 да го достигне сегашното ниво и репутација.
Во мое име, и во името на Редакцијата, ве поканувам да учествувате на отворањето на изложбата за да споделиме извонредни моменти на дружење со фотографијата.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.