Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Ласер - масер
Автори: Наташа Божиновска, Зоран Тасиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Игра на зборови или нешто друго? Сепак, се работи за уреди со масовна примена во разни области на животот. Ласерот е уред кој емитува насочен светлосен зрак со многу мал напречен пресек и тесен спектар на бранови должини. Најраспространета примена на ласерите е за снимање и читање на компакт дисковите, како оптички мемории и за фибер оптички комуникации. Општа примена наоѓаат кај бар-код читачите, ласерските печатачи и ласерските насочувачи. Во индустријата, ласерите се користат за сечење, гравирање и заварување на метали и други материјали, во науката за ласерска спектроскопија, во воени цели за одредување на далечината и означување на метата и како оружје со голема енергија, во медицината за хируршки зафати, дијагностика и терапевтски третмани.

Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.