Емитер 11/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Речиси секој кој има мали звучници е незадоволен од длабочината на басовите. Овој недостаток не може да коригира со класична тонската контрола за басови, ниту со loudness коло, туку само со специјално конструиран бас-еквилајзер, односно бас-експандер. Со прикажаниот бас-експандер ќе добиете дополнителна октава пониско во бас-одѕивот на вашите постоечки hi-fi звучници, под услов да не работат блиску до максимална моќност. Изработетете го ова коло и уживајте во подлабоките благопријатни басови создадени од вашиот стерео систем!
Со обичната тонска контрола за басови од вашиот засилувач не можете да ја добиете оваа прецизна компензација за природното опаѓање на амплитудно-фреквенциската карактеристика на звучниците, затоа што непотребно ќе ги засилите сите ниски тонови, па и дел од средните тонови. Бас-експандерот е активен филтер со специфични карактеристики со кои се овозоможува проширување на амплитудно-фреквенциската карактеристика на звучниците во делот на басовите, при што долната гранична фреквенција може да се спушти за дополнителна 1/2 до една октава пониско. Бас-експандерот може да се конструира за два различни типа звучни кутии - компресиони (затворени) и бас-рефлекс. За да го нагодите правилно бас-експандерот, треба да ја знаете долната гранична фреквенција на вашите звучници, односно треба да ја знаете резонантна фреквенција на звучната кутија, сеедно дали станува збор за затворена (компресиона) или за бас-рефлекс кутијата. Тој податок ќе ви послужи за да ја пресметате вредноста на некои отпорници во шемата на бас-експандерот. Прочитајте го текстот во рамката од колегата Филевски како да го направите тоа. Откако ќе го прочитате овој проект верувам дека уште утре ќе тргнете во негова реализација. Уредот е едноставен и евтин, а ќе ви овозможи уживање во подлабоки басови испорачани од вашите звучници. Ова е проект кој за малку вложени пари и труд ви враќа многу!
Фреквенциски опсег: до 61 kHz (за бас-подрачјето погледај го графиконот)
Однос сигнал/шум: 83dBA (во однос на 1V со пропусен опсег 20Hz...20kHz)
Вкупни хармониски изобличувања: 0,02% на 1kHz и 1V излез
Максимален влезен сигнал: 2,5Vrms (за 12V DC-напојување)
Преслушување: 60dB типично
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.