Емитер 1/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Самоградба на радиоприемник во денешно време секако дека е неисплатилва работа, но затоа е забавна, интересна и полезна од аспект на стекнување знаења и вештини од областа на радиотехниката. Токму затоа ви нудиме комплетен минијатурен ФМ-радиоприемник направен со TDA7000 и TDA3810 кој веруваме дека ќе биде вистински предизвик за сите електроничари - хобисти и ученици.
Во редакцијата на ЕМИТЕР се јавија неколку читатели со слична желба да објавиме проект на ФМ-радиоприемник кој нема да биде многу сложен, да е изработен со електронски компоненти кои лесно можат да се најдат на нашиот пазар и да има многу добри карактеристики кои можат да се постигнат во аматерски услови.
Конструкцијата на ФМ-радиоприемникот од овој проект е базирана на употреба на неколку многу интересни квалитетни интегрирани кола. За следењето на ФМ-радиостаниците кај овој радиоприемник се користат стереослушалки со импеданса од 2x32Ω, чиј кабел (спроводник) воедно може да послужи како антена. Исто така, за љубителите кои сакаат некоја ФМ-радиостаница да ја слушаат преку звучници, овој уред го овозможува тоа. Тоа значи дека на местото каде што се приклучуваат слушалките можете да приклучите звучници со моќност од 1W или поголема со импеданса од 4…8 Ω или поголема.
Напон на напојување: 5 - 9Vdc;
Фреквенциски опсег: 88 - 108MHz;
Меѓуфреквенција: 70kHz;
Осетливост: <1µV; THD: 0,3%;
Однос S/N: 55dB;
Излезна моќност: 2x1W
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.