Рубрика: Електроника
Контролер за бојлер и светло пред бања
Автор: Драган Јовановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Честото расипување на прекинувачот за бојлер ме потикна да го изведам малку поинаку целиот тој склоп за потребите во купатило. Благодарение на АлиЕкспрес и Тему, нема што не може да се најде и искористи за секоја идеја и потреба, па така и во овој случај. Иско­ристив неколку модули и, со додаток на неколку делови и напојување, се направи пристоен контролер кој како што е димензиониран, прак­тично претставува трајно решение.

Конструкцијата започнува со градба на напојување од околу 12 волти и струја од приближно 300 милиампери, а се користи низ целиот склоп освен за wi-fi модулот кој има сопствено интегрирано мрежно напојување. Значи мало трафо 10 волти, грец и електролит и нема потреба од дополнително стабилизирање. Од готовите модули употребени се термостат, 80 амперски SSR релеј со побуда со еднонасочен напон од 3 до 32 волти, wi-fi модул поддржан од eWeLink апликација и сензор на допир кој најчесто се користи за позадинско лед осветлување на огледала.

Со оглед на тоа што склопот ќе го замени комплетниот прекинувачки уред пред купатилото, ако не ја познавате неговата електриката побарајте помош од лице кое ќе знае која жица што претставува во инсталацијата, бидејќи се работи за мрежен напон којшто е опасен по живот.

Главни елементи и материјали:

Дигитален термостат – модул
Wi-fi модул со поддршка за eWeLink апликација
Допирен сензор за светло – модул
трафо: 230V/10V/300mA 
Релеј за светло:12V 

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.