Уводник

30 години – звучи грандиозно, големо и неверојатно... А ете – тука сме, стасавме и до оваа “округла” бројка. Многумина не веруваа дека ЕМИТЕР ќе опстане толку долго. Да бидеме искрени, не верувавме ни ние, меѓутоа се надевавме и работевме.  Низ овие три полни декади испишавме преку 16 000 страници исполнети со околу 5000 статии со проекти, практични совети, информации за нови и стари технологии, достигнувања – содржини од сите области на науката и техниката. Во овие 5000 статии има околу 900 електронски конструкции за самоградба, околу 200 статии со самоградби и практични совети од други области, околу 400 тестови на уреди, алати и опрема и околу 1200 стручни теоретски написи. Низ годините истражувавме и демаскиравме заблуди и измами, дискутиравме и дебатиравме за мистерии, митови и хипотези, тестиравме теории и уреди, информиравме и едуциравме, паѓавме, станувавме, растевме и созревавме, опстојувавме. На овој или оној начин, наспроти сите тешкотии (од финансиска и организациска природа) успеавме ЕМИТЕР да не биде едно од многуте македонски списанија со кус век. 


Роботика

Во март 2007 година, ја објавивме статијата „Роботика – од научна фантастика до реалност”. Во неа го анализирав забрзаниот развој на роботиката и амбициозните предвидувања за иднината. Тогаш се чинеше дека сме на работ на нова технолошка револуција. По личните компјутери во секој дом и смартфоните во сечиј џеб, следеше смелата визија на Бил Гејтс за „робот во секој дом” – предвидување кое Scientific American го пренесе уште во јануари 2007 година. Визиониерите и научно-фантастичните автори веќе со децении ја потхрануваа колективната имагинација дека хуманоидни роботи (налик на Командант Дата, C-3PO, Терминатор или Робокоп) наскоро ќе станат дел од нашето секојдневие. Дваесет години подоцна, разгледуваме што навистина се случи и колку реалноста се разликува од очекувањата.


Електроника

Во последниве 35 години во кои имам следено различни хоби ѕвон­чи­ња за дома (а имаше поголем број), имам изработено различни „славејчиња”, „сирени”, „специ­јал­ни звуци”. Покрај овие модели, имам изработено и верзија која користи специјализиран дигитален чип кој може да се употреби за сни­мање на било каков аудио звук и да го репро­дуцира потоа (различни верзии од серијата на ISD чипови: ISD1016, ISD2560...). Сепак и после толку многу години, пасијата за из­работка на оваков уред ме моти­ви­раше да изработам модерна вер­зи­ја со употреба на микроконтролер.


Електроника

Кога го поставив концептот на овој јубилеен и ретроспективен број се запрашав каков напис јас да подготвам, дали да претставам некој нов проект за самоградба или едукативен напис, или да “влезам во временската машина” и да изберам некој значаен проект од минатото. Одлуката падна на еден стар проект за гитарски засилувач, чија првична верзија датира уште од моите студентски денови и којшто веќе имаше неколку верзии во минатото. Сега ќе имате можност да ја прочитате сторијата за тој гитарски засилувач и да го проследите проектот, се разбира, повторно малку подновен.


Електроника

Сигурното откривање на човечко присуство отсекогаш било потешко отколку што изгледа на прв поглед. PIR сензорите се евтини, но детектираат само тела во движење, камерите поттикнуваат загриженост за приватноста, а ултразвучните сензори се борат со точноста. Во оваа статија истражуваме модерна алтернатива: радарски сензор за присуство на 24 GHz. Користејќи го радарскиот модул HLK-LD2450 и микроконтролерот ESP32 градиме компактен детектор за човечко присуство кој ја чува приватноста и може да следи повеќе луѓе - дури и кога мируваат.


Електроника

Подолго време на интернет се врти една електрична шема за т.н. 28 LED Clock. Одлична идеја, меѓутоа со масивна електроника реализирана со еден куп дигитални кола, што значи голема и сложена ППК и згора на сето тоа уште и услов: мрежната фреквенција да биде 60Hz (кај нас е 50Hz). Сето ова оваа одлична идеја ја прави само идеја која тешко би ја реализирал еден електроничар-аматер. Затоа решивме да ја искористиме само идејата, а реали­зацијата од корен да ја смениме со цел овој интересен проект да го направиме поедноставен и подостапен за самоградба од страна на електроничарите-аматери.


Аудио и видеотехника

Последниве години сведоци сме на своевиден камбек на аналогниот звук – популарноста на грамофоните и грамофонските плочи перманентно расте и сѐ повеќе млади и нови аудиофили за првпат купуваат LP-а почнуваат да користат грамофон. За сите нив од непроценлива корист би било да научат како правилно треба да се ракува со ова “олд скул”парче од аудиотехниката и како правилно се негуваат грамофонот и грамофонските плочи. Во таа насока е и овој текст.


Електроника

Честото расипување на прекинувачот за бојлер ме потикна да го изведам малку поинаку целиот тој склоп за потребите во купатило. Благодарение на АлиЕкспрес и Тему, нема што не може да се најде и искористи за секоја идеја и потреба, па така и во овој случај. Иско­ристив неколку модули и, со додаток на неколку делови и напојување, се направи пристоен контролер кој како што е димензиониран, прак­тично претставува трајно решение.


Роботика

Алшар е првиот македонски хуманоиден робот, синергија на мехатроника, вештачка интелигенција и уметност, создаден за жив контакт со публика. Неговата „сцена” не е лабораторија, туку амбиент каде роботот чита реакции, ја менува атмосферата и гради контекст во реално време. Во проектот се спојуваат отворени роботски платформи со сопствени модули, сензори и алгоритми за интеракција и генерација на креативни содржини. Алшар не е само технолошка демонстрација, туку експеримент во „дигитална хуманост”, прашање каде завршува машината и каде што почнува културата. Приказната ги отвора вратите кон нови сценарија: едукација, музејски и фестивалски перформанси, технолошки паркови и креативни индустрии. Од Македонија, Алшар прераснува во симбол на домашна инженерска амбиција со меѓународен медиумски одек и научен интерес.


Електроника

GaN (галиум-нитрид) транзисторите претставуваат напредна полуспроводничка технологија што сè почесто се користи во современата електроника. Благодарение на нивната способност да работат на високи напони, високи фреквенции и температури, GaN транзисторите нудат значително поголема ефикасност и помали загуби на енергија споредено со традиционалните силициумски транзистори. Оваа технологија овозможува развој на помали, полесни и поефикасни електронски уреди, како брзи полначи, напојувања, телекомуникациска опрема и системи за обновлива енергија. Во овој напис се разгледуваат основните карактеристики на GaN технологијата, нејзините предности и области на примена, како и нејзината улога во идниот развој на енергетската и електронската индустрија


Информатика

Вештачката интелигенција, или поточно Системите на вештачка интелегенција, па што и да подразбираме под тоа, стана секојдневие. Секојдневие без кое сегашноста не може да се замисли. Алатка која милиони луѓе секојдневно ја користат. Алатка за која веруваме дека е иднината на човештвото. Алатка за која сакаме да мислиме дека ќе го подобри животот на човештвото, која ќе пронајде нови лекови во медицината, ќе пронајде нови теории во физиката, која ќе донесе нова технолошка револуција, алатка која ќе го смени начинот на живеење во правец кој не може ниту да го замислиме. Секојдневно слушаме за нови подобрувања на постоечките модели и прогнозите за времето кога вештачката интелегенција ќе го надмине човекот. Но, како функционира, како размислува, како учи, како се подобрува и развива вештачката интелегенција? Тоа се дел од прашањата коишто се тема на овој напис.


Архитектура и градежништво

Во рамките на European Western Balkans Joint Fund и Проектот Western Balkans Regional Energy Efficiency Programme REEP Plus, меЃународна техничка работна група со учество на експерти од Англија, шпанија, Грција, Хрватска, Србија и тројца локални експерти од Македонија, ги изработи двата нови правилника, Правилник за енергетски карактеристики на згради и Правилник за енергетска контрола на згради, како подзаконска регулатива на Законот за енергетска ефикасност на згради.

Работната група работеше околу 3 години, од јуни 2020 до април 2023.


Астрономија и астронаутика

Секогаш кога нов телескоп треба да биде пуштен во употреба, научниците велат дека со нетрпение очекуваат да најдат одговори на некои отворени прашања. На крајот на краиштата, секој нов телескоп е намерно дизајниран за да даде некои конкретни одговори. Но, научниците исто така забележуваат дека новите телескопи неизбежно откриваат нови изненадувања и самото тоа ги прави многу возбудени. Кога станува збор за JWST, обете очекувања се остварија.):


Информатика

Иако историјатот на процесорите е многу постар, сепак нашиот преглед ќе го ограничиме во рамките на нашиот јубилеј, периодот од 1995 па до денеска. Не земајте ни за зло поради површната ретроспектива – сепак, ова е тема што лесно би можела да заземе многу поголем број страници, но сепак мораме да оставиме место и за другите.


Аеронаутика

вистински приказни од воздухопловно-техничката работилница

Идејата за овој напис долго вре­ме ја носев во себе. Требаше само поттик од страна, па споме­ните да се обликуваат во содр­жина и текст кој треба да сочува од заборав еден мал колектив сос­тавен од врвни професионалци. Станува збор за ци­вил­ниот персонал на воздухопловно-техничка работилница од трети степен (ВТР) на аеродромот Петровец.


Електроника

Во овој напис ќе ви претставам еден интересен уред и неколку корисни модули, коишто неодамна ги порачав од AliExpress. Со оглед на претстојните Новогодишни празници, пристигнатата пратка на некој начин ја сметам и како новогодишен подарок од мене за себе, бидејќи, да бидеме реални, тешко дека некој друг може да погоди што во мо­ментов би му било најпотребно на еден електроничар, од тоа изобилство на модули и уреди што ги има во оваа популарна online-продавница.


Астрономија и астронаутика

Мистеријата на придружната ѕвезда во системот Гаја БХ2

Астрономите одамна знаат дека свет­­лината на една ѕвезда може да от­крие многу за нејзината природа. Од спектарот може да се дознае нејзината температура, хемискиот состав, воз­раста и во која етапа од животниот цик­лус се наоѓа. Но понекогаш некои ѕвезди се однесуваат како да одбиваат да ги следат правилата на вселената.


Електроника

Доколку ви треба засилувач кој е крајно еднос­тавен, а во исто време проверен и квалитетен тогаш можното решение побарајте го во текстот кој следи.


Аудио и видеотехника

Рубриката “Операциона сала” е наменета за мерење, модифици­рање и  подобрување на звучници, како на комерцијални – “фабрички” звучни­ци од познати (и непознати) фирми и брендови, така и на звуч­ници од на­ши­те читатели напра­вени со само­градба. Во овој број ќе го мерам, сеци­рам, критикувам и ќе го подоб­ру­вам слав­ниот југословен­ски звуч­ник кој доаѓаше во комплет со риси­вер­от Ei HSR 140. Намера да направам подобру­вање на овој звуч­ник имав одамна, но никако не мо­жев да најдам барем еден целосно исправен примерок. Коц­ки­те се пок­лопија во 2012-13 година, па иако со големо за­доцнување (подобро неко­гаш, отколку никогаш) конеч­но нап­ра­вив модификации на звучникот Ei HSR 140 со кои ќе добиете неве­ро­јат­но подобрување на неговиот звук.


Информатика

Денес постојат разни модерни иновативни ситеми за шифрирање пораки што користат еден или повеќе клучеви за шифрирање. Со напредокот на пресметковната моќ, а посебно со појава на квантните компјутери во иднина, многу од нив стануваа небезбедни. Но, еден класичен шифрер, создаден пред повеќе од еден век останува имун на компроминатција дури и со користење на квантни компјутери, доколку правилно се употреби. Во овој текст, наменет за сите категории читатели на ЕМИТЕР, ќе ги откриеме основните тајни на шифрерот со клуч за една употреба или многу познат како One-time pad.


Аеронаутика

На 29 јуни 2024 во Крушево се одржа јубилеј 50 години од формирање на ‘Хели Клуб’, што значеше и исто толку години Ултралесна авијација и Крила за слободно летање (змејови и параглајдери) кај нас.  Беа дојдени гости од целата земја и странство. Организаторот имаше подготвено презентација, ѕиден весник, говор, доделување признанија за особен придонес во развојот, промоција на книга од областа и секако забавен програм.
 


Математика

Во изминативе неколку години, начините на учење и перцепција на математиката доживеаја значителни трансформации. Од класично решавање задачи со молив и хартија, преку дигитални алатки и интернет-ресурси, до денешната примена на вештачката интелигенција, математиката постојано се прилагодува на технолошкиот развој.


Телекомуникации

Класичните WiFi про­ши­рувачи ја преполовуваат брзината за­тоа што мора да комуницираат со глав­ниот рутер и со уредите на истата фрек­венција. Но Спидпорт 7 користи dedicated backhaul - посебен канал само за комуникација со главниот рутер...
 


Макетарство и моделарство

3Д технологијата на принтање објекти е веќе на големо навлезена во секојдневието. Неговата примена едноставно зема удел во сите области каде соодветни објекти треба да се измоделираат и произведат без притоа да се користат традиционалните изработки на калапи во кои ќе се излијат истите од најразлични материјали.


Аеронаутика

Авионот Су-30 е првиот повеќенаменски борбен авион од фамилијата Су-27. Наменет е за изведување на ловечки мисии и прецизни борбени дејства со современи оружја на мали и големи далечини. Вградената современа електронска опрема и палетата на современи оружја му овозможуваат изведување на различни борбени мисии во сите временски услови, преку ден и ноќ, а хибридната конструкција и моќните издржливи мотори со управливи млазници му овозможуваат  суперманеврабилност како што се маневрите ,,кобра” и ,,ѕвоно”.


Аудио и видеотехника

Продукција на 3Д Мапинг на фасада од зграда или објект со големи димензии. Начин на реализација и пресметки кои ја детерминираат техниката за одредување на димензиите на проектиранатаповршина и позицијата навидео проекторот.


Информатика

ГИС е технологија што се користи за креирање, управување, анализа и мапирање на сите видови податоци. Таа преставува компјутерски систем за снимање, складирање, проверка и прикажување на податоци поврзани со позициите на површината на Земјата. ГИС може да прикаже многу различни видови податоци на една мапа, како што се улици, згради и вегетација. Ова им овозможува на луѓето полесно да ги видат, анализираат и да ги разберат шемите и односите меѓу внесените податоци.


Автомобилска техника

Автомобилот во своето постоење еволуираше од обично превозно средство до нешто повеќе – хоби и пасија, технологија што во голема мера е дефиниција за слобода во движењето. Од првиот автомобил до денес работите значително се променија, но во овој напис на разгледување ќе бидат ставени последните 30 години, бројка што чудесно се совпаѓа со јубилејот на ЕМИТЕР.


Аудио и видеотехника

Наспроти несомнениот пробив на компакт дисковите и нивната релативна практичност, магнетната лента, засега и натаму останува како медиум што најмногу ветува кога е во прашање архивирањето на записите. Магнетната лента, без оглед дали се работи за обична магнетофонска, видеолента или касета, претставува прецизен елемент во системот за запис. За постигнување на долг век на користење, е потребно стручно чување, ракување и одржување за да нема проблеми во користењето; лентата треба да биде третирана со истото внимание како и совршените механички делови на уредите за запис и репродукција. Лентата се користи за складирање податоци, бидејЌи располага со долговечности лесно е пренослива.


Електроника

Со вградување во повеќе од 500 милиони видео­конзоли и во 65 000 играчки автомати, Понг е првата видеоигра којашто достигна општа популарност. Иако таа за прв пат се појавува со првата комерцијално успешна аркадна машина со видео игри проектирана од Атари во 1972, тоа е всушност играта ТВ-тенис на Ралф Баер – таткото на видеоигрите. Затоа, изра­ботете ја оваа минијатурна видеоконзола и играјте ја ретро играта на сите времиња: Понг.


Информатика

Вештачката интелигенција сè подлабоко навлегува во современото програмирање и суштински го менува начинот на кој се создава софтвер. Таа овозможува автоматско генерирање код, интелигентно откривање грешки и оптимизација на апликации, со што значително се зголемува ефикасноста на развојниот процес. Истовремено, AI влијае врз креативноста и улогата на програмерот, кој од извршител на задачи сè повеќе станува дизајнер на решенија. Иако придобивките се значајни, оваа технологија отвора и сериозни етички и безбедносни прашања. Развојот на AI-базираното кодирање најавува нова фаза во еволуцијата на софтверската индустрија.


Телекомуникации

Во овој број ви претставуваме засилувач за 2,4 GHz со излезна моќност од 100 W – уред кој комбинира современа технологија и практична инженерска изведба. Засилувачот овозможи емитување на Full-HD аматерска телевизија преку сателитот QO-100, а се очекува да овозможи и неколку возбудливи експерименти со радарско ехо Земја–Месечина–Земја. Конструкцијата прикажана тука покажува дека внимателно дизајнираните решенија можат да обезбедат сигурна работа при високи оптоварувања, отворајќи нови хоризонти за радиоаматерите и љубителите на техничките предизвици.


Макетарство и моделарство

Моделот лизгач ‘Птица на времето’ е доста познат и ценет во моделарскиот свет, па неговата изработка заслужува поголемо внимание. Наменет е за понапредни моделари или оние кои го прочитале текстот во Емитер ’Градба на модели лизгачи’. Секако, неговата изработка се препорачува и за учесници на натпреварите на млади техничари, но интересен е и како домашен труд за ентузијастите кои сакаат да го осмислат и употребат полезно своето слободно време.


Автомобилска техника

Електричните возила (ЕВ) станаа реално секојдневие и кај нас. Но, различните типови возила  (хибрид, мек хибрид, целосно електрични..) со различни типови на вградени батерии, различните типови на полначи со различни приклучоци сѐ уште создаваат забуни што/какво ЕВ да се одбере, каде тоа ќе може да се полни, по која цена и слично. Во овој текст ќе се обидеме да ви разјасниме барем некои од вашите недоумци.


Електроника

Ова е чист пример за индустриска примена на 555-ката како компаратор. За голем број читатели на ЕМИТЕР можеби нема да биде интересна, но во минатото јас често ја користев и се надевам дека на оние што се занимаваат со индустриска електроника ќе им биде од голема корист. Станува збор за индустриски уред за сигнализација со три независни сигнализатори. Написот содржи вовед за индустриските трансмитери и сигнализатори, детален опис на спомнатиот уред за сигнализација со упатство за самоградба и нагодување, а на крај има и пример за негова примена во систем за следење и контрола на течност во голем резервоар


Информатика

Вештачката интелигенција (ВИ) повеќе не е термин кој го користат само они кои тоа го учат или работат. Не, таа е насекаде, многу повеќе од што можете да видите, па дури и да претпоставите. Работи во позадина, предлага решенија, учи и се надградува, а доколку најде соодветен партнер во човекот и неговата „природна” интелигенција, тогаш за таа симбиоза практично и да нема ограничувања. Одамна ВИ излезе од виртуелниот свет и сега е алатка во секоја индустрија, но за потребите на овој текст ќе се фокусираме на нејзината примена во дигиталниот маркетинг.


Електроника

Ако сакате динамиката на му­зич­ките сигнали да ја претс­та­вите визуелно на 20-сегментен барграф лед индикатор кој по­кри­ва дина­мички дијапазон од 60dB, вие сте на вистинското место. Ди­зај­ниран е како атрактивен десктоп VU метар за домашно аудио, има сопствено напојување, линеарен фреквентен дијапазон и возбуда директно од звучник. Едноставноста, малиот број на компоненти, малите димен­зии и прилагодливоста кон заси­лувачи со различна моќност и раз­личната ипеданса на звучниците го прават уредот да биде посакуван и атрактивен визуелен индикатор на секој еден Hi-Fi ентузијаст.


Математика

Една од несомнено трајно највлијателните науки за развојот на човечките мисли, логичното размислување и воопшто погледите на светот – математиката,  во текот на десетина векови претставувала основен параметар за развојот на цивилизацијата. Развојот на човековите мисли, кој се огледува во напредокот на математиката, е сврзан со изборот на реперот и логичното заклучување. Често на обичниот смртник тешко му е да осознае каде завршува логиката, а каде почнува математиката. Прашањето се наметнува само од себе: Постои ли точна граница што ги дели овие две научни области? Прецизноста и супериорноста на математиката можеме да ја илустрираме на најразлични начини и форми, како во теоријата, така и во праксата. На пример дали некој некогаш се запрашал колку живее едно влакно коса на главата на човекот? Или колкаво треба да биде едно парченце хартија со тежина колку што тежи еден атом?


Електроника

Направете сами евтин, но квалитетен лабораториски стабилизиран извор за напојување со можност за регулација на излезниот напон и јачина на струјата. Во онлајн продавниците на Али­Екс­прес, е-беј или ТЕМУ, може да се на­бават мошне евтини кит комплети со сите неоп­ходни елементи за негова изработка. Па, со малку вложен труд и советите од овој напис, на крајот ќе се стекнете со солиден уред.


Информатика

Вештачката интелигенција (АИ) денес претставува една од најзначајните технолошки области, со влијание врз речиси сите сегменти од современото општество. Иако често се перципира како нов феномен, ВИ има повеќедецениска историја и е резултат на постепен развој во информатиката, математиката и електрониката. Во овој напис е прикажан развојот на вештачката интелигенција од нејзините почетоци до денешните генеративни модели, со осврт на техничките принципи, реалните можности и ограничувања, како и правците на идниот развој.


Медицина

Во првите месеци од пандемијата владееше страв и неизвесност поради вирусот кој глобално се ширеше и немилосрдно ги убиваше најранливите. Официјално, ефективни третмани не постоеја, иако вистината е поинаква. Уште во април 2020 имаше високо ефективна терапија, но таа главно беше игнорирана и се тргна во развој на нови лекови и вакцини. Сега, 5 години подоцна, благодарение на истражувачите од веб страницата c19early.org, имаме многу јасна слика кои третмани за ковид се ефективни, а кои се неефективни па дури и опасни.


Автомобилска техника

Сѐ си има свој почеток и крај. Истото важи и за хидродинамичките лизгачки лежишта какви што најчесто ги има кај моторите од автомобилите и воопшто моторите со внатрешно согорување. Додека се нови и исправни сѐ е во ред. Но, што кога ќе дојде “генералката” на моторот, како да се справиме со нив. Очигледно, потребно е да ги репарираме т.е. генерално да ги поправиме или повторно да им ја воспоставиме нивната функција. Основните напатствија за ова ќе ги најдете во текстот што следува.


На граница на науката

Дали постојат вонземни космонаути кои со “летачки чинии” ја посетувале и сѐ уште ја посетуваат нашата планета? Дали многубројните сведоштва за Неидентификувани Летачки Објекти (НЛО, UFO) се доволен доказ? Најпознатиот македонски уфолог Стојмир Симјаноски, кој ја застапува тезата за постоење НЛО, и “дежурниот скептик” Владимир Филевски, кој апсолутно го негира постоењето на НЛО, дебатираат за  наводните НЛО видувања на македонска почва, но и за мислењата на тема НЛО на познати научници, астронаути, како и луѓе вклучени во програмите за вселенски истражувања
 


Аудио и видеотехника

Поимот слушање или слух веднаш асоцира на двете уши распоредени од двете страни на човековата глава. Но, веднаш потоа следува еден компликуван механизам за пренос на звучните сигнали до мозокот, а потоа негова проценка за одредување на правецот, оддалеченоста и димензиите на звучниот  извор. Оваа особина, поврзана со слухот,  му овозможува на човекот просторно разликување и препознавање на звучните извори или едноставно кажано просторно слушање – битна функција за негово преживување во природата. Во овој напис расправаме за тоа кои се основните физички величини вклучени во овој процес и што е стереофонско слушање.


Електротехника

За повеќето луѓе, алатот е нешто практично и конкретно – предмет што служи за сечење, брусење, дупчење или поправка. Но, во последните децении, особено со развојот на технологијата, алатите што ги користат професионалците значително се променија. Денес, кај најразвиените производители, алатот сѐ почесто се дизајнира како дел од поширок систем што ја олеснува работата, ја зголемува прецизноста и придонесува за побезбедна и почиста работна средина


Телекомуникации

Радиоаматерството постои уште од самите почетоци на радиокомуникациите и низ времето е подложно на промени коишто главно се однесуваат на развојот на технологијата, но неговата суштина до денешен ден останала иста. Кај нас беше многу популарно во периодот на претходниот општествен систем кога беше поддржано од државата, но благодарение на ентузијазмот на радиоаматерите опстојува и денес. Во изминатите три децении, списанието Емитер редовно објавува написи посветени на радиоаматерските активности, со што игра значајна улога како негов хроничар, но и како поттикнувач за нивна поголема застапеност во јавноста.


Електроника

Во денешно време не може да се замисли правилна и долготрајна работа на автомобилскиот мотор без надзор на одредени сензори. Тие сензори се контролирани од управувачки модули и ЕУЕ (електронска управувачката единица). Без овие електронски елементи денешните мотори би имале поголема потрошувачка, би биле многу бучни и би имале пократок работен век. Еден од нив е ламбда сензорот кој во возилата служи за мерење на количеството на кислород во издувните гасови. 


Аудио и видеотехника

Магнетната лента е повеќе од носталгија – таа е техничка прецизност во служба на звукот. Магнетофонот, со својата поголема брзина и поширока лента, овозможува стабилен и богат звук, додека касетофонот ја нуди практичноста, но со компромис во верноста. За двата уреди може да се каже дека припаѓаат на минатото, но последниве години тие одново стануваат популарни кај не мала група луѓе, оттаму и побудата за реобјава на овој напис. Следниот текст изворно објавен во ЕМИТЕР 2/1995 ќе ве прошета низ техничките детали и споредбата на два уреди – еден создаден за совршенство, другиот за секојдневие.


Информатика

Дали имате еден од тие денови? Дали сте на важен видео-разговор, ги спремате клучните точки, изгледате професионално... и тогаш се случува „замрзнување”. Вашиот лик замрзнат во малку чудна гримаса. Вашиот глас станува роботски „Извинете, прекинувме? Сигурно е проблем со интернетот.” Сите сме биле таму. Се лутиме на таа невидлива сила, мрмориме „глупиот Wi-Fi” и го рестартираме рутерот како да изведуваме дигитален обред. Но, што ако ви кажам дека вашиот Wi-Fi не е само магија и надеж? Тоа е спектакуларна, хаотична и, да бидеме искрени, малку „опасна” забава што се одвива во вашиот дом или канцеларија. Ајде да ја тргнеме завесата.


Научна фантастика

„Проблем на три тела” е дел од глобално позната научно-фантастична трилогија на Лиу Цисин (Liu Cixin) што кај нас стана позната дури по мошне успешната ТВ-серија на Netflix од 2024 година инспирирана од неа. И да не се лажеме, токму на овој начин и дознав за ова извонредно дело. По неколку недели претрага и читање критики и есеи за серијата и за трилогијата романи „Сеќавања од минатото на Земјата” на Лиу Цисин, конечно успеав да ги најдам во превод на англиски јазик и, се разбира, да ги прочитам. Во овој напис ќе ја разгледаме наративната структура на делото, тематските слоеви и неговото значење.


Аудио и видеотехника

Фонијата, или акустичката повратна врска, е честа појава во системите за озвучување која се манифестира како бучење или пиштење и создава непријатност кај слушателите. Овој напис на едноставен начин објаснува зошто настанува оваа појава, како се простира звукот во отворен простор и кои фактори влијаат врз стабилноста на системот. Преку практични примери се покажува како правилниот избор на растојанија, број на микрофони и насоченост на уредите може да спречи фонија и да обезбеди чисто и пријатно звучно поле.


Електроника

Една категорија стручни технички лица, класифицирана како сектор или одделение за одржување, неоправдано е запоставена и несоодветно третирана, како во големи производствени системи така и во помали единици , во кои тоа не е основна дејност. Ова е обид, на пошироката техничка јавност да се доближи филозофијата и вредноста на нивната дејност, која, за жал, во многу примери е обезвреднета и од страна на самите припадници на групацијата со нивниот непрофесионален однос.


Електроника

Постојат многу инте­гри­рани кола  за обра­ботка на аудио сигналот пред да вле­зе во НФ засилувачот. Меѓу тие интегрирани кола е и TDA1524A кое е употребено за овој проект. Одлуката за избор падна на ова инте­гри­рано коло, заради тоа што ги содржи  основните  бара­ња: функција за бас (bass) и високи  (treble), функција за гласност (volume) и  баланс (balance), едноставна конст­рукција, мал број на екс­тер­ни компоненти, мала потро­­шу­­вачка и ниска цена на ре­а­лизација.


Аудио и видеотехника

Квалитетот на видеото е клучен за тоа како според содржината на прикажаното ќе го перцепираме визуелниот свет околу нас. Од првите аналогни до денешните дигитални системи, секогаш постоела потреба да се мери и подобрува јасноста и верноста на сигналот. Денес тоа се прави со објективни модели – математички алатки што ја приближуваат човечката перцепција – или со субјективни проценки од гледачите. Моделите можат да користат проценка на квалитетот со целосна референца, делумна или воопшто без упоредување со оригиналната содржина, а артефактите како замаглување, треперење или шум се најчести показатели за деградација. Разбирањето и контролата на овие фактори е суштинска задача за модерната видео технологија.


Физика

Ако сакаме да бидеме сосема искрени, мораме да признаеме дека никој од физичарите ниту од филозофите не може да одговори на прашањето “што е тоа време и зошто тоа постои?” Според филозофите, времето е илузија на нашата свест, според физичарите тоа е екстрадимензија, а според нашето искуство, времето ние го доживуваме како редослед на настани. Во овој напис ќе зборуваме токму за темата “што е тоа време”, гледано од различни аспекти.


Еурека

Електромагнетните полиња создадени од високонапонските далноводи често се предмет на јавен интерес поради потенцијалното влијание врз човечкото здравје. Од тие причини извршена е нумеричка анализа на интеракцијата помеѓу нискофреквенциското електромагнетно поле од трифазен 110 kV далновод и човечкото тело. Анализата е базирана на тродимензионална компјутерска симулација реализирана во софтверскиот пакет CST Studio Suite, при што е конструиран поедноставен модел на човечко тело составен од повеќе органи со реалистични електрични својства. Истражувањето се фокусира на внатрешните електрични полиња и густините на струи кои настануваат како последица на електричната и магнетната компонента на полето од далноводот. Резултатите покажуваат дека највисоките вредности на густината на струја се јавуваат во периферните делови на телото, особено во екстремитетите и пределот на вратот, додека вредностите во внатрешните органи се значително пониски.