Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Магнетната лента е повеќе од носталгија – таа е техничка прецизност во служба на звукот. Магнетофонот, со својата поголема брзина и поширока лента, овозможува стабилен и богат звук, додека касетофонот ја нуди практичноста, но со компромис во верноста. За двата уреди може да се каже дека припаѓаат на минатото, но последниве години тие одново стануваат популарни кај не мала група луѓе, оттаму и побудата за реобјава на овој напис. Следниот текст изворно објавен во ЕМИТЕР 2/1995 ќе ве прошета низ техничките детали и споредбата на два уреди – еден создаден за совршенство, другиот за секојдневие.
Со појавата на првиот магнетофон во 1889 год. кој беше патентиран од данецот Валдемар Поулсен (Valdemar Poulsen) беше поставена основата за магнетното снимање на звукот.
Првиот магнетофон беше сосема неекономичен. Сигналот се снимаше на челична жица, при што од неа беа потребни околу дваесет метри за репродукција на една секунда звук со слаб квалитет.Меѓутоа овој уред беше сосема добра основа за натамошно развивање на магнетното снимање на звукот.
Во 1935 г. се појави и магнетофонот кој звукот го снимаше на магнетна лента и по својот изглед и операции воопшто не се разликуваше од денешниот. Потоа беа потребни околу триесет години за магнетните ленти да се преместат во кутии (касети), да се смали нивниот облик и за да се поедностави ракувањето со уредот. Со тоа се доби добро познатиот касетофон.
Со појавата на касетите и касетофоните се добија голем број предности во однос на магнетофонот, но бидејќи две добра не одат заедно, новите предности донесоа и некои нови недостатоци.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.