Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Денес постојат разни модерни иновативни ситеми за шифрирање пораки што користат еден или повеќе клучеви за шифрирање. Со напредокот на пресметковната моќ, а посебно со појава на квантните компјутери во иднина, многу од нив стануваа небезбедни. Но, еден класичен шифрер, создаден пред повеќе од еден век останува имун на компроминатција дури и со користење на квантни компјутери, доколку правилно се употреби. Во овој текст, наменет за сите категории читатели на ЕМИТЕР, ќе ги откриеме основните тајни на шифрерот со клуч за една употреба или многу познат како One-time pad.
Криптографијата како наука се занимава со математички техники што се применуваат за безбеден пренос на пораки. Ова е можеби најпростото објаснување. За безбеден пренос на т.н. отворената, (читлива) порака (текст, слика, видео, итн.), на пример, текст напишан во микрософт ворд, се користи процес наречен шифрирање. Со шифрирањето, отворената порака се претвора шифрирана порака, а за тој процес се упутребува соодветен алгоритам за шифрирање и клуч за шифрирање. Шифрираната порака е нечитлива (неразбирлива) варијанта на отворената порака. Дешифрирањето е обратен процес од шифрирањето, при што шифрираната порака се претвора во отворена, со користење на алгоритам за дешифрирање и клуч. Споменатите алгоритми ги нарекуваме шифрери. Историски гледано, шифрирањето пораки било користено од државите и нивните армии за заштита на тајни телеграми, а денес го користиме сите ние, дури и кога пребаруваме низ интернетот.
Низ вековите се развиени многу шифрери. Еден од нив се одликува по својата едноставност, но и неможност за компромитирање („пробивање”) дури и со користење на квантен компјутер. Станува збор за шифрер, што во англиската терминологија е познат по името One-time pad (OTP). Во теминологијата на македонскиот јазик не постои усвоен термин за споменатиот шифрер, па заради тоа ние ќе го ословуваме како шифрер со клуч на една употреба.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.