Емитер 1/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Компанијата NVIDIA помина долг пат во својот развој како врвен производител на графички чипови. Многумина се посомневаа во нејзиното лидерство во моментот кога гигантот АМД се спои со нивниот главен конкурент АТИ, па дури имаше сомнежи и околу нејзиниот опстанок. Но, целата оваа ситуација само му даде потстрек на водечкиот кадар на компанијата за напорна работа која ги доведе таму каде што се – една од двете водечки компании во производството на GPU. Во тој правец е и претставувањето на нивната нова технологија, или ако сакате нова архитектура на GPU, интерно во компанијата наречена Fermi.
Својата нова архитектура за графички чипови nVidia ја претстави како најзначајно поместување напред во архитектурата на нивните GPU од времето на G80 графичкиот процесор, а по сè изгледа дека ваквите тврдења тешко може да се побијат. Повеќето од подобрувањата се однесуваат на зголемување на способноста и перформансите на GPU за обработка на "неграфички" апликации.
Во суштина, новата Fermi архитектура е дизајнирана за подобрување на нивната CUDA технологија, која да се потсетиме, овозможува компајлирање на програмите напишани во C, C++, Fortran, Opengl, DirectCompute и други програмски јазици и нивно извршување на графичкиот процесор.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.