Корпорацијата E Ink извести за развојот на E Ink Gallery 3 – следната генерација електронска хартија во боја наменета за eReader и eNote уредите. Од објавата дознаваме дека новата генерација на е-хартија во боја, ePaper, се заснова на нивната платформа ACeP Advanced Color ePaper, којашто користи четирибоен пикселски систем во четири бои – магента, цијан, бела и жолта. Овој нов стандард овозможува прикажување на широка палета бои од преку 50 000 бои.
Електронското мастило е материјал направен од ситни ќелии што може да се нагодат на некои дисплеи да прикажуваат црни или бели знаци, додека на други да даваат приказ во боја. Е-мастилото своето име го добива поради сличноста со црно-белите или обоените мастила што се користат при традиционалнен печат врз хартија. Е-мастилото е откриена кон крајот на 90-тите години од минатиот век од страна на тим од МИТ. Оттогаш до денес овој пронајдок бележи постојани подобрувања во квалитетот, со поостри слики и воведување на сиви градации за црно-белите дисплеи. А се прошири и неговата употреба – од наменски eReader уреди до телефони, знаци и паметни часовници.
Подобрувањата за новиот ePaper стандард вклучуваат побрзо време на ажурирање – 350 ms за црно-бел приказ, 500 ms за неговиот брз режим на боја, и 750 до 100 ms за стандарден режим. Компанијата, исто така, го зголеми и бројот на пиксели по инч на 300 ppi и овозможи користење кај уреди што работат при поширок опсег на температури, од 0 до 50° C. Со помош на специјално пенкало/ стилус, новиот стандард ќе овозможи внесување на црно-бел запис, како и запис во неколку други бои, што ќе се ажурираат на 30 ms. Притоа, за да се олесни напорот на очите при долгите читачки сесии, корисниците на новата e-хартија (еPaper) ќе можат да ја искористат неговата функција за предно светло ComfortGaze, што вклучува сина светлина за да ја ублажи напнатоста на очите при читање. Новата е-хартија ќе може да се користи и за уреди што се преклопуваат.
Во соопштението не беше дадено времето за испорака, така што сè уште не е јасно кога следниот општ стандард за боја ќе започне да се појавува на производите, дали компаниите како Кобо и Амазон ќе го прифатат новиот стандард, како дали некој од нивните е-читачи би добил “мејковер” со новиот тип е-хартија.