На некое поле, каде што дотогаш имало само непрегледно море од жито, во првите мугри наеднаш може да осамне комплицирана слика направена од полегнато жито. Житните слики (crop circles) може да бидат само неколку кругови, но и комплексни геометриски слики со големина од неколку стотици метри. Кој ги прави овие слики во жито и дали во нив е скриена некоја порака? Како и за многу други појави, постојат повеќе објаснувања, некои и дијаметрално спротивставени, како што ќе прочитате подолу.