Емитер 1/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во постојаната борба помеѓу криминалот и тероризмот, од една, и безбедносните сили, од друга страна, отсекогаш била вклучена електрониката. На почетокот тоа биле едноставни алармни уреди базирани на прекинувачи кои се активираат со отворање на врати, прозорци и слично; денес оваа технологија е напредната, а нашата цел е да ве запознаеме со некои современи сензори за движење.
По 11 септември 2001 година потполно се смени начинот на кој луѓето размислуваат за аеродромите, авијацијата и безбедноста воопшто. Особено се зголеми интересот за детекција на присуство на луѓе на одредени места каде што може да зависи безбедноста. Сензорите за движење го детектираат присуството на луѓе, а понекогаш и на животни во нагледуваниот простор. Генерално овие сензори може да се поделат на сензори на присутност и сензори на движење. Сензорите на присутност детектираат нечие присуство во определена, нагледувана зона, а сенозрите на движење детектираат движење во нагледуваната зона.
Во продолжение ќе наведеме некои сензори на присуство и движење и опис на нивната работа само со една реченица, а поопширно ќе ги разгледаме сензорите за движење
Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.