Емитер 1/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секој посериозен електроничар кој се занимава со електроника има потреба од помошни уреди т.н. тестери, кои ќе му послужат за брзо испитување на исправноста на некои компоненти во електронско коло на кое се јавиле проблеми во работата. Исто така, со овие тестери може директно да се испитува исправноста на нови и стари компоненти, ако се сомневате во нивната исправност. Поради тие причини, во овој проект целосно е разработен и изработен квалитетен тестер со чија помош на брз и едноставен начин ќе можете да ја тестирате исправноста на повеќе видови транзистори, диоди и кристали. Нив можете да ги тестирате директно монтирани на ППК или посебно како единки.
Тестер на транзистори и диоди Кусите врски или прекинатите водови на ППК можете ефикасно да ги откриете со соодветен мултимер (унимер). Резултатите што ги дава мултимерот се задоволителни во повеќето случаи, но се лоши при испитување на транзистори и диоди кои се залемени на ППК. За точно (попрецизно) мерење со мултимер, секој транзистор или диода треба да се одлеми од ППК. Ова значи дека овој метод на испитување е доста бавен, бидејќи одзема доста време. Поради овие причини ќе ви биде потребен посебен уред т.н. испитувач или тестер за брзо и квалитетно испитување на транзистори и диоди, било тие да се во состав на некое електронско коло, т.е. залемени на ППК или одделно како единки. За сè да биде полесно околу решавање на овој проблем, во проектот целосно е опишан и изработен еден тестер на транзистори, диоди и кварцни кристали. Овој тестер на корисникот му овозможува (при испитување на проблематични ППК) да се концентрира на местото на испитување, а дали преминот на водовите е добар или прекинат или испитуваниот транзистор или диода е добар или "пробиен" уредот ќе сигнализира со звучен сигнал, а тоа значи при тестирањето немате потреба постојно да погледнувате во тестерот. Звучните сигнали при тестирањето се: - низа од куси сигнали (еден “биип” во секунда) ни кажува дека транзисторот или диодата кои се испитуваат се исправни; - низа од еден долготраен звучен сигнал со еден многу кус преод без сигнал (практично-континуиран звучен сигнал) означува куса врска (краток спој) или добар ППК вод; - отсуство на “биип”, означува прекин во врската или прекин во водот на ППК. Тестер за кварцни кристали Иако повеќето од пасивните компоненти лесно се испитуваат, кварцниот кристал не може да се испита со стандарден мултимер. Кварцниот кристал, всушност, е многу едноставна компонента, се состои од парче кристал кое е прицизно исечено и прицврстено меѓу две метални електроди. Ако пробаме кристалот да го мериме со омметар и мерач на капацитет, отпорноста што ќе ја измериме е од редот на мегаоми, а капацитивноста од редот на пикофаради, независно дали тој е исправен или не. Затоа единствено возможно решение за нас е да го споиме кристалот во електронски осилатор и да видиме дали осцилира или не. Ова едноставно мерење го овозможува тестерот за кристали од овој проект, кој со светење на лед диода индицира дека кристалот е исправен и обратно.
На цртежот на ППК (слика 3) е поткрадната грешка - отпорникот R9 е нацртан (поставен) на две места на ППК. Треба да се залеми само еден од нив, сеедно кој, а лемните места за другиот да се остават слободни.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.