Рубрика: Електроника
Собен термометар со 30 LED-диоди
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Овој интересен термометар за прикажување на температурата користи LED-диоди наредени во столб. Мерниот опсег е од +10°C до +39°C и се отчитува на LED столб од 30 LED-диоди што значи за секој степен целзиусов по едена LED-диода. Термометрот е прецизен, отчитувањето лесно, а самиот склоп ќе биде убав електронски украс на некој ѕид во вашиот дом или на работното место.

Вообичаено, електронските термометри се прават со седумсегментни дисплеи и се сместуваат во некоја кутија што најчесто стои на некоја масичка, витрина и слично. Нашиов термометар ќе виси на ѕид како обичните (алкохолни) термометри, но наместо столб од алкохол, за прикажување ќе користи столб од LED-диоди. Тоа значи дека отчитувањето ќе биде можно од поголема далечина и агол, што за алкохолните термометри не може да се каже. Втора добра работа кај овој термометар е едноставноста на самиот склоп. Електронските термометри со седумсегментни дисплеи се многу посложени, освен ако не се реализирани со некој микроконтролер кој подржува аналогни влезови. Но тука се појавува проблем со програмирањето итн. Едноставноста на склопот највеќе се должи на постоењето на интегрираното коло LM3914, наменето токму за работи како што е овој термометар.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1324

ИК: LM3914, LM35

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.