Електроника

Овој интересен термометар за прикажување на температурата користи LED-диоди наредени во столб. Мерниот опсег е од +10°C до +39°C и се отчитува на LED столб од 30 LED-диоди што значи за секој степен целзиусов по едена LED-диода. Термометрот е прецизен, отчитувањето лесно, а самиот склоп ќе биде убав електронски украс на некој ѕид во вашиот дом или на работното место.


Електроника

Блага портокалова светлина од жарење на грејачот на катодите, пријатна топлина што зрачи од малите стаклени балони, мек и богат звук ... тоа мора да е лампашки засилувач! За сите оние љубители на романтичниот ретро звук, најпосле еден проект за лампашки интегриран засилувач во класа А, во single-ended конфигурација со електронската цевка PCL86.


Информатика

Иако на прв поглед не изгледа така, одбраната од кибер нападите воопшто не е лесна работа. Во бројот 9/2013 се обидовме да ја опишеме анатомијата на кибер нападите – четирите основни чекори и најчестите закани. Сега, да погледнеме како да се заштитиме од нив!


Омнибус

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, добивме "порака" од Дедо Мраз за тоа што подготвил во својата торба. Еве еден дел од "изненадувањата" :) !


Астрономија и астронаутика

Додека ги читате овие редови, најавениот кинески лендер и роверот што тој го носи најверојатно веќе ќе пристигнат на Месечината и ќе ја започнат нивната истражувачка мисија. Планираната мисија Чанг'е 3 следи по низата триумфи кои ги бележи кинеската вселенска програма во изминатава деценија, а со неа Кина го докажува неоспорниот напредок на полето од вселенската технологија. Во овој напис ве информираме за составот и за планираниот тек на оваа вселенска мисија.


Електроника

Иако не може да се докаже дека зрачењето од електричните апарати и од електричната инсталација, кое продира во просторот на нашето живеалиште, е штетно по здравјето, сепак загриженоста за можните влијанија врз здравјето е присутна! Изворите на тоа зрачење не можеме да ги елиминираме, но со нивната точна локација можеме да го уредиме нашиот животен простор, па така да престојуваме во него колку е можно подалеку од нив. Во овој напис објавуваме детектор на ЕМ зрачења со светлинска сигнализација.


Архитектура и градежништво

Потрошувачката на енергија за греење на една зграда зависи од повеќе фактори. Покрај топлинско-изолациските карактеристики на градежните конструкции, геометријата на зградата во голема мера влијае врз крајните енергетски својства на зградата.


Информатика

Кога имате проблем со хардверот на вашиот компјутер, не е секогаш лесно да се определи за кој и за каков проблем се работи. Затоа, софтвер што може да изврши детекција и тестирање на хардверот е одлично решение во ваква ситуација. Постојат разни софтверски решенија коишто ви стојат на располагање, некои од нив и бесплатни, но не се сите доволно добри и прецизни при проверката.


Астрономија и астронаутика

Кометата Исон го започна својот пат од Ортовиот облак и приближувајќи се сè поблиску до Сонцето, во месец ноември во раните утрински часови можеше да се набљудува со голо око, дурбин или со телескоп некаде во правец на југоисток. Доколку го завртеше кругот околу Сонцето без да се распадне, во наредните два месеца кометата требаше да има извонреден сјај, засенувајќи ја дури и Месечината. Но, тоа се чини не беше нејзината судбина.


Еурека

На годинешниов интернационален саем МАКИНОВА, еден од златните медали за поронајдок и нови технологии му припадна на Борко Бабаљ, иноватор од Босна и Херцеговина за единствениот и досега непостоечки производ на пазарот "Џебен пепелник – чибук". Кон крајот на септември 2013 година, оваа иновација го освои и златниот медал на саем во Украина, а беше претставена и во Ријад оваа година. За каков иновативен производ станува збор прочитајте на следниве страници.


Хемија

Во изминативе неколку години развиените економии инвестираат во развивање технологии за соларно производство на водород. Доколку ваквото производство стане реалност, зависноста на овие економии од природни енергенси ќе биде значително намалена. Но колку навистина сме блиску или далеку до вакви исплатливи технички уреди?


Омнибус

Развивање нови теоретски методи по хемија, предвидување на Хигсовиот бозон и транспорт на невротрансмитерите преку весикули се само дел од откритијата за кои се доделени Нобеловите награди оваа година.


Автомобилска техника

Инженерите на германскиот ZF и американскиот Levant Power се на пат на многу едноставен, елегантен и евтин начин пасивната амортизација (суспензија) на автомобилите да ја трансформираат во активна, овозможувајќи ги сите благодети кој следуваат од овој квантен скок и на обичниот автомобил, што е сон на сите производители на автомобили, а во овој момент можат да си го дозволат само најдобрите и најмоќните производители.


Електроника

Во повеќе написи во Емитер била спомната екперименталната (протоборд) плочка, но не било опишано како се користи. Затоа сакам на читателите да им ја доближам техниката на користење на експерименталната плочка, која е многу корисна алатка при изведување на разни експерименти во електрониката и при дизајнирање сопствени електронски конструкции.


Аудио и видеотехника

На 3.12.2013 година, во Порта Македонија се одржа настан кој не требаше да биде пропуштен. Во организација на претставништвото на Сони за Македонија, беа претставени новитетите од широката палета на производи од Сони.


Аудио и видеотехника

Со овој производ Zoom се надмина самиот себеси. H6 е солиден, квалитетен и е еден од највозбудливите производи што сум го видел во последно време. Да се има H6 во својата опрема значи да се биде богат и подготвен за квалитетно снимање аудиопроизводи, – вели Chris Monlux кој е директор за креативни услуги при локалниот огранок на телевизиите CBS и NBC.


Аудио и видеотехника

Broadcast Pix Flint е видеопродукциски систем со интегриран производствен процес од почеток до крај. Flint е систем кој во себе содржи сè: од собирање содржини, преку нивна дистрибуција, до создавање готово видео, и тоа во живо, со помош на разни софистицирани производни алатки. Собирањето и консумирањето содржини вклучува многу различни формати, датотеки, податоци добиени преку Skype, Twitter, Dropbox, Google и друго.


Хемија

Проектот "Најдобар млад научник", инициран од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, има за цел да го поттикне развојот на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања на младиот научен кадар. Д-р Катерина Бачева е носител на признанието "Најдобар млад научник" за 2012 година.


Медицина

Колоректалниот карцином претставува малигнитет на дебелото црево кој се појавува сè почесто и има висока стапка на смртност. Според својата фреквентност се наоѓа на второ место, веднаш зад карциномот на белите дробови кај мажите и по ракот на дојката кај жените.


Информатика

Адитивна изработка, 3Д-печатење, тродимензионален испис – кој и да го изберете од овие изрази, нема да погрешите, бидејќи сите се сведуваат на исто – физичка реализација на вашата замисла. MakerBot Replicator 2 е тридимензионален печатач кој вашите замисли ги прави реалност!


Електротехника

Во овој текст ќе ја проследиме приказната за производителот на професионални алати Милвоки (Milwaukee). Почнувајќи од самите почетоци, па сè досега, ќе го прикажеме историскиот развој и достигнувањата на оваа компанија. Кои се првите производи на оваа компанија, како започнува со своето работење, која е визијата при изработката на алатите, ќе видиме токму во овој текст.


Електротехника

Кога се изведува некој градежен зафат, или при изработка на каков било тип столарија, незаменлива е примената на циркулар. Доколку, пак, станува збор за безжичен циркулар, тогаш од работењето ќе извлечете максимална ефективност. Поради квалитетната изведба на BHS 630RFE, со две литиумски батерии од 18 V и моќен мотор од 750 W, нема да зажалите што ќе инвестирате во ваква машина.


Автомобилска техника

Mалото автомобилче, службено наречено Mini hot rod, во моментов е хит во Германија – земјата на неговото потекло. Со смелоста, знаењето и вештите раце, двајцата браќа од Хамбург го направија прототипот во својата гаража. Осмислената маркетиншка активност резултираше со заинтересираност на туристички агенции и поединци што организираат туристички тури со ова возило во поголемите германски градови. Точно е, ова возило е регистрирано за движење по јавни патишта.


Омнибус

4-Д печатење и создавање;
Испитани фотони без да бидат уништени;
Ultra HD видео во мобилните уреди;
Науката низ бројки;
Мемориска картичка од 256 GB;
Смртоносно езеро ги претвора птиците во статуи;
Европското потекло на кучињата;
Carbyne - Graphene 2:1;
Таблетите со 64-битен Андроид!?;
Зелен полжав = Животно + билка;
Експлозија на ѕвезда му претходела на раѓањето на сончевиот систем?;


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Писма
Проблем со лампашкиот засилувач Marshall JCM800
Обновување избришани податоци од мемориска картичка