Рубрика: Хемија
Интервју со д-р Катерина Бачева, "Најдобар млад научник" за 2012 година
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Проектот "Најдобар млад научник", инициран од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, има за цел да го поттикне развојот на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања на младиот научен кадар. Д-р Катерина Бачева е носител на признанието "Најдобар млад научник" за 2012 година. Нешто повеќе за неа и нејзините досегашни научни истражувања и трудови прочитајте на следниве страници.

Д-р Катерина Бачева е родена на 26.2.1984 во Кавадарци. Своето високо образование го стекнала на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, кадешто во 2010 година ја одбранила и магистерската теза, а веќе во 2013 година ја одбрани нејзината докторска дисертација на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет.
Во периодот од 2010 до денес, ангажирана е како демонстратор на Институтот за хемија. Научноистражувачката работа на д-р Бачева е фокусирана на областа на аналитичка хемија и хемија на животната средина, со посебен осврт на испитување на загадувањето на животната средина со тешки метали. Во текот на академската и научна кариера, се јавува како автор на 2 монографии. Досега има објавено 20 научни трудови, од кои 11 во списанија со фактор на влијание, како и реализирани 28 презентации на научни собири, од кои 13 на меѓународни научни собири.
Д-р Катерина Бачева е член на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија и на Македонското еколошко друштво.
Ја поканивме д-р Катерина Бачева накусо да ни ги објасни своите научни дотигнувања, на што таа љубезно се одзва.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.