Емитер 12/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во повеќе написи во Емитер била спомната експерименталната плочка, односно протобордот (протобоард), но не било опишано како се користи оваа плочка. Затоа сакам на читателите да им ја доближам техниката на користење на експерименталната плочка, која е многу корисна алатка при изведување на разни експерименти во електрониката и при дизајнирање сопствени електронски конструкции. Написот содржи детални објаснувања и мноштво фотографии кои чекор-по-чекор ќе ве внесат во експериментирањето со протоборд.
Електронските уреди што се објавуваат на страниците од списанието Емитер секогаш претходно се испитуваат, при што поминуваат низ неколку фази пред да бидат објавени. Кога ги спомнав фазите на испитување, ќе ги набројам најглавните:
• наоѓање или дизајнирање на соодветната електрична шема;
• испитување и експериментирање;
• изработка на прототип.
Изработката на електронските прототипи секогаш поминува низ фазата експерименти. Електронските шеми, кои сами сме ги конструирале или се најдени во некоја литература како што е некое списание, брошура од произведувачот или на интернет, најпрво се изработуваат, а потоа се испитуваат. Испитувањето секогаш е проследено со експериментирање. Тоа пак некогаш може да биде долготраен и макотрпен процес во кој треба да се направат мерења на одредени параметри и во исто време треба да се менуваат делови.
Во фазата на експериментирање не се препорачува изработка на финалната печатена плочка. Тоа не е можно бидејки не го знаеме финалниот изглед на шемата. За време на експериментирањето треба да имаме техника која ќе ни овозможи брзо менување на деловите. За интегралните кола позната ви е техниката за брза замена со подножја за интегрални кола. Но што да правиме со другите делови?
Протоборд плоча е пластична плоча на која се направени дупчиња. На внатрешната страна од оваа плоча има контакти. Контактите меѓу себе се поврзани во групи од 5 контакти и се поставени во паралелни линии. На горната страна од плочата во дупчињата се ставаат изводите од деловите исто како што се ставаат интегралците во подножјата за интегралци. Оваа техника е најдобра за експериментирање. Притоа можат да се користат стари (но исправни) и нови делови. Поврзувањето на деловите и жиците се врши без лемење.
Предноста на оваа техника е во тоа што може брзо да се заменуваат деловите, и по завршувањето на експериментот деловите остануваат како нови. Поради ваквите карактеристики, оваа техника на експериметирање ќе биде обработувана понатаму.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.