Рубрика: Хемија
Трнливиот пат до соларно производство на водород
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во изминативе неколку години развиените економии инвестираат во развивање технологии за соларно производство на водород. Доколку ваквото производство стане реалност, зависноста на овие економии од природни енергенси ќе биде значително намалена. Но колку навистина сме блиску или далеку до вакви исплатливи технички уреди?

Почетокот на индустриската револуција се поврзува со масовното ископување јаглен и неговата употреба како доминантен енергенс. Со засилениот економско-технолошки развој и со зголемените потреби за брза дистрибуција на енергенси, течните фосилни горива и природниот гас стануваат најзначајни извори на енергија (енергенси). Во последните неколку децении, алармантната ситуација со глобалното затоплување поттикна потрага по нови "зелени" енергетски ресурси. Како најнапреден, и најверојатно иден енергенс, се смета водородот. Во тој контекст, автомобилите на водород веќе одамна се во комерцијална употреба. Во одредени региони на светот, веќе постојат и доброразработени мрежи за дистрибуција на водородот како гориво за автомобили. Сето ова моментално помага за понатамошно развивање на водородната економија, но не треба да се заборави дека сè уште, една од најголемите употреби на водородот е во производството на амонијак (NH3). Водородот и азотот се двата гаса кои индустриски се користат за производство на амонијак, кој пак е потребен за производство на вештачки ѓубрива. Со порастот на светското население и зголемената потреба за храна, во иднина се верува дека побарувачката на водород нагло ќе се зголеми.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.