Рубрика: Хемија
Молекули и реакции со Chemsketch 12.0
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Добрата комуникација со читателите е важен аспект при размената на информации во научниот свет. Јасното и визуелно прикажување на одредени феномени од природата, честопати помага при овој вид комуникација. Во рамките на визуализацијата на светот на атомска скала, во оваа статија ќе ви ја презентираме бесплатната програма ACD/Chemsketch 12.0, која е одлична алатка при професионално изработување на вашите средношколски проекти, семинарски и научни трудови по хемија, фармација, биохемија и други сродни дисциплини.

Динамичниот развој на информатичките технологии е влијателен фактор за ефективното извршување на одредени научно-истражувачки активности во хемијата, но и во сродните науки. Во модерниот контекст на "хемиски софтвер” (или софтвер за хемиски науки), честопати се среќаваме со различни специјализирани пакети за извршување хемиски пресметки, онлајн пребарувачи на соединенија, пакети за визуализација на молекули и материјали, пакети за цртање хемиски реакции итн. Од постоечките хемиски пакети, голем број се развиени од страна на софтверски компании, па лиценцата за нивно користење доаѓа со одредена цена. Покрај софтверските компании, денеска голем број универзитети се вклучени во развивањето на хемиски софтверски пакети до кои пристапот е слободен, или пак бесплатен пристап се стекнува преку академска лиценца. При изработување средношколски проекти, семинарски, научно-истражувачки трудови итн., честопати се јавува потребата за професионално исцртување или прикажување на одредени феномени. Во хемијата, најчесто претставувани феномени се хемиските реакции.
При комуницирањето на хемиските процеси, често е потребно да се објасни механизмот на одредената реакција и еволуцијата на хемиските структури од почетокот до крајот на процесот. Една бесплатна и популарна програма е ACD/Chemsketch 12.0. Оваа програма овозможува брзо цртање на хемиските реакции (2D) и механичко оптимизирање на органските структури (3D).

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.