Рубрика: Хемија
Ревизија на периодниот систем на елементите
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Откривањето на елементот 117 ја пополни последната празнина во периодниот систем којшто го знаеме. Но само што се комплетираше, периодниот систем можеби и почнува да ја губи својата моќ. Како се синтетизираат нови елементи? Кои се предизвиците и проблематиките во оваа област? Како новите елементи ја минираат примената на периодниот закон? Ова се само неколку прашања кои ќе ги дискутираме во овој текст, заедно со краткиот опис на релативистичните ефекти типични за тешките метали.

Сите елементи до елементот 116 и елементот 118 се познати веќе некое време, додека елементот 117 го надополни последното празно место во периодниот систем. Овој успех означува уникатен момент во историјата на периодниот систем на елементите (ПСЕ) од првата негова објава во 60-тите години на 19. век од Димитриј Менделеев и останатите. Уште од самите почетоци, ПСЕ содржел одредени празнини. Менделеев не само што предвидел дека на празните места има неоткриени елементи, туку и точно ги предвидел нивните својства. Моментално ПСЕ е целосно пополнет, но колку долго ќе трае тоа? Најверојатно и не многу долго, бидејќи научниците во моментов се во потрага по останати супертешки елементи како, на пример, елементите 119, 120, 121 итн. Како се синтетизираат нови елементи? Кои се предизвиците и проблематиките во оваа област? Како новите елементи ја минираат примената на периодниот закон? Ова се само неколку прашања кои ќе ги дискутираме во овој текст, заедно со краткиот опис на релативистичните ефекти типични за тешките метали.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.