Електроника

Во претходните 3 продолженија, се обидов да ви ги презентирам основните постулати на кои мора да обрнеме внимание при градбата на нашиот засилувач на моќност во класа Д. Останува уште да се дефинираат неколку “финеси”, па стекнатото знаење да можеме да го примениме во практика и, конечно, да го конструираме нашиот засилувач! Да уживаме во неговите први отсвирени ноти, но и да ги измериме и да ги анализираме карактеристиките со помош на објективни и субјективни методи.


Металство и машинство

Потребата од, макар елементарно, запознавање со основите на конструирањето произлегува од фактот што тоа директно влијае врз сите области на животот на Земјата. Од него зависи напредокот и опстанокот на една фабрика, индустриска гранка, индустрија, па и целото стопанство на една земја. Конструирањето е мала и кратка фаза во животниот век на еден производ, но фаза во која се решава за сите негови битни особини и квалитетот.


Металство и машинство

Многумина се обиделе да бојадисаат некое парче алуминиум со четка или со компресор, но по одреден период на изложување на сонце, влага и температурни варијации нанесениот слој почнува да се лупи. Зошто се случува ова и која е причината за неквалитетното врзување на слојот боја со алуминиумот, ќе стане јасно во овој напис.


Климатологија

Климатската историја на Земјата, почнувајќи некаде пред околу 80 милиони год. па наваму, научниците ја утврдиле со голема прецизност. Општа констатација е дека за време на овој, 80 милиони год. долг период на Земјата се случила голема глобална промена на климата, од многу топла на почетокот, кон сè постудена, стабилизирајќи се конечно на ниво од пред т.н. “индустриски период”.


Астрономија и астронаутика

Темната материја и темната енергија се најголеми мистерии во космологијата, чијашто природа научниците досега не успеале да ја објаснат. Имено, честичките-носители на темната материја не се идентификувани, а потеклото на темната енергија е непознато, и покрај досегашните обемни истражувања. Дали се во прашање несоодветни методи во истражувањата?


Аудио и видеотехника

На интернет постојат бројни страници и форуми преполни со мислења, рецензии (review) и тестови за разни уреди, најчесто напишани од нестручни поединци кои си одлучиле јавно, пред цел свет, да го објават своето незнаење. Иако понекаде може да се налета и на некои светли примери, најчесто станува збор за комплетни дезинформации, ненамерни или намерни. Така, еден особено испофален производ на интернет се активните компјутерски/мултимедијални звучници Genius SP-HF 1250B.


Аудио и видеотехника

Пред точно една година пишувавме за Sony HDR-AS15, која е претходник на новата камера HDR-AS100. Тука некаде започна и борбата на Sony за освојување на пазарот на акциони камери. Добро етаблираниот GoPro беше нападнат од Sony и од JVS во речиси исто време. Тоа за нас, корисниците, е добро бидејќи поради нивната борба ги добиваме најквалитетните камери по најниска цена.


Информатика

PHP е специјализиран програмски јазик којшто се користи за изработка на динамички веб-страници т.е. за динамичко генерирање на HTML код. Овозможува полесно изработување на интернет-страници, а поради неговата голема моќ овој програмски јазик го користат и најпосетените светски страници како Facebook и Youtube.


Физика

Кај електроенергетските објекти е непходно извршувањето на периодични прегледи, ревизии и ремонти на опремата со цел зголемување на нејзината расположливост и намалување на последиците од прекинот на работа. Предностите на термовизијата и генерално, интересниот начин на работа со неа, претставуваа предизвик за мене. Во овој труд особено се става акцент на општите особености, практичноста, економичноста и, најважното, точноста на термовизијата.


Автомобилска техника

Бескрајна е за дебатирање темата за и околу резервните делови за нашиот автомобил. Разликата во цената може да е понекогаш и многукратна, па човек со право се прашува за оправданоста од толку високата цена. Дали ова шаренило на цени има смисла, дали се оправдани високите цени на некои делови, што е тоа оригинален резервен дел, како и одговорите на многу други прашања ќе бидат споделени со вас, драги читатели, во текстот во продолжение.


Хемија

Откривањето на елементот 117 ја пополни последната празнина во периодниот систем којшто го знаеме. Но само што се комплетираше, периодниот систем можеби и почнува да ја губи својата моќ. Како се синтетизираат нови елементи? Кои се предизвиците и проблематиките во оваа област? Како новите елементи ја минираат примената на периодниот закон? Ова се само неколку прашања кои ќе ги дискутираме во овој текст, заедно со краткиот опис на релативистичните ефекти типични за тешките метали.


Електроника
Прототипот од втората верзија на регулаторот на AC мотори

Во ЕМИТЕР веќе пишувавме за колото U2010B како наменско коло за регулација на моќост на AC мотор со тријак. За оваа пригода разработивме конкретна апликација со ова коло. Со изработката на овој склоп, ќе го добиете максимумот од тоа што може да го даде еден регулатор со тријак. Освен тоа, колото е многу флексибилно во однос на нагодувањето, така што ќе може да одговори на многу конкретни примени.


Електроника

Системите за заштита од провала во станбен простор се засновани воглавно на алармно сигнализирање при насилно отворање на влезната врата, но, во случај на ваше подолго отсуство, на пример, поради користење на годишен одмор, обиената врата би останала отворена. Решение?


Астрономија и астронаутика

Мистеријата наречена “аномалија на прелетот” (flyby anomaly), која се покажува како варијации во брзината на вселенските летала кога тие го користат феноменот наречен “гравитациска прачка”, за зголемување на нивната брзина, што вообичаено се применува кај леталата со досег до далечни дестинации (Јупитер, Сатурн, Плутон...), ги збунува научниците со децении.


Информатика

Wordpress е светски позната платформа за блогирање. Една од причините е тоа што поддржува шаблони (темплејти) и додатоци, и што е мошне флексибилна и приспособлива, при што одговара на многу различни потреби за многу интернет-страници. Ви претставуваме 10 одлични алатки за подобри и поубави wordpress веб-страници.


Автомобилска техника

Во поново време со право се смета дека дизајнот на автомобилот најмногу придонесува во одмерувањето на фактите кои претежнуваат да се донесе одлука за купување на конкретниот автомобил. И со право е така, со оглед на фактот што најчесто купувачот, во почетокот емотивно го доживува дизајнот, а потоа и емотивно се поврзува со својот автомобил, кој најчесто го нарекува и лимен љубимец. Дизајнот е можеби најдискутираниот, а за некои и најдискутабилното нешто кај автомобилите.


Аеронаутика

Од вистинските почетоци на воздухопловното едриличарство на германскиот ентузијаст Ото Лилиентал во 1890 година, па до денес, направени се безброј безмоторни воздухоплови, односно воздухопловни едрилици. Постигнати се рекорди во висина, брзина, прелетано растојание, изработени од разни материјали, дрво, метал (дуралуминиум), карбон, кевлар, епоксидни материјали.


Медицина

Вештачкиот панкреас е налик на iPod кој е прицврстен за облеката на пациентот, додека малиот монитор и малата пумпа се прилепени на самата негова кожа. Уредот многу би им помогнал на болните од дијабетес тип 1 и 2, но и во запирање на “епидемијата” од оваа болест што го зафати светот воглавно поради лошата исхрана, дебелината и стресниот начин на живеење.


Информатика

Sony Movie Studio има одлична репутација на пазарот на видеоалатки. Нивната најнова верзија, Movie Studio 13, нуди одлични можности за уредување видеоспотчиња, ако тоа ви е хоби или ако сте почетник во оваа работа. Ова програмче за уредување е мошне евтино, чини 50 долари, и е многу едноставно за користење.


Аудио и видеотехника

Многумина кои се занимаваат со создавање аудио-видео производи верувам го знаат сето ова, но секоја година доаѓаат нови генерации кои сакаат да се обидат во оваа работа аматерски, едукативно или подоцна можеби професионално. Еве еден мал попис наменет за тие читатели на ЕМИТЕР, кој има за цел да им ја олесни работата.


Електроника

Во овој дел од рубриката електроника во кратки црти ви презентираме нови компоненти и настани од светот на електрониката. Се надеваме дека следејќи ги актуелностите од оваа област Ќе успееме да ве приближиме кон новите трендови во електрониката, а со тоа ќе добиете и поцеловит увид во производството на "главните играчи" во оваа област со постојан подем.


Електроника

Во овој дел ќе се запознаете со основната шема на приклучувањето на алфанумеричкиот индикатор, со неговите основни команди и со експерименталната шема, со којашто ќе изведуваме неколку вежби за негово активирање и програмирање со одреден број прекинувачи.


Електротехника

Во текот на својот работен век како професионални или хоби мајстори, многумина претрпеле фатална повреда која значела отсекување на дел од прстот при работа со циркулар. Американската компанија Saw stop во својата гама на производи располага со циркулари кои имаат заштита против отсекување или повреда на кој било дел од вашето тело. Како всушност функционира оваа технологија, кои се нејзините можности и ограничувања, ќе откриеме во овој напис.


Медицина

Ако на некој просечен човек му поставите прашање што се тоа адаптогени, многумина ќе ја препознаат смислата на нивното значење по самиот збор, но механизмите и вистинската природа на тие билки најверојатно нема да ја знаат. Тоа не е чудно, зашто поимот “адаптоген” се појавува дури во средината на 20-тиот век, додека поактивно во употреба е во последните 15 години.


Медицина

Дека морскиот воздух носи низа благодети за здравјето на човекот се знае уште од прастари времиња. Пред речиси два века било забележано дека луѓето кои работат во рудниците за сол ги чувствувале истите позитивни ефекти коишто ги носел престојот на море, а благодетите кај нивбиле и поинтензивни - отсуство на одредени болести, јакнење на имунитетот итн.


Еурека

Интелектот, претставува еволутивно највисоко совршена функција и доминантен фактор во повредувањето на човекот и во неговото каузално лекување. Механизмите на повредување се особености на несозреаниот и неискусен интелект. Во таа фаза на развој, во доминантни размери, се наоѓа интелектот на современиот човек. Интелектот поседува способности да создава болни состојби (хронични масовни и малигни болести), но и да ги решава каузално, со физиолошки предодредени методи. Тие се еволутивно предодредени, но современиот човек не ги развил, не ги практикува и тие се привелегија на искусниот и созреан интелект.


Омнибус

За да ја разбереме сегашноста и за да можеме да ја предвидиме иднината, мора да го познаваме минатото. Токму за настаните и личностите од минатото кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати, станува збор во продолжението на овој напис. Настаните се однесуваат на актуелниот месец, и сигурни сме дека ќе го задржиме вашето внимание.


Омнибус

Пробиотици што спречуваат дебелеење; Голема прослава на Празникот на музиката со Алфа аудио; Во иднина пораките ќе се пишуваат во воздух; SKF лежишта за VW E-UP; Батерии со дебелина на хартија; Новиот VW Голф GTE; Мегаломанскиот план на Google; Новата генерација електрични рачни алати на Бош; Студентска формула од Мостар; Првите вонземјани ќе бидат роботи; Е-мобилност против аерозагадувањето; Microsoft развива Office пакет за андорид таблети; Автоматизиран пребарувач на нови соединиенија; LED


Писма
Статии за топловодно греење
Што е тоа рид-релеј?
ЛЕД-светилка и акумулатор за осветлување на пано
Автоматско палење на фарови