Рубрика: Физика
Термовизија (1)
Автор: Ѓорѓи Сиракоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кај електроенергетските објекти е непходно извршувањето на периодични прегледи, ревизии и ремонти на опремата со цел зголемување на нејзината расположливост и намалување на последиците од прекинот на работа. Предностите на термовизијата и генерално, интересниот начин на работа со неа, претставуваа предизвик за мене. Во овој труд особено се става акцент на општите особености, практичноста, економичноста и, најважното, точноста на термовизијата. Предностите се истакнати преку компарација со оној стар начин на испитување. Со оглед на постоењето на повеќе видови термални камери, ќе бидат опфатени два вида.

Сите тела со температура над апсолутната нула емитираат електромагнетно зрачење од инфрацрвениот дел на електромагнетниот спектар (при бранови должини од 0,75 μm до околу 14 μm, односно емитираат топлинско зрачење. Познавањето на оваа особина на телата овозможило да се развијат методи за мерење и следење на нивната температура, а развојот на технологијата овозможил комерцијална достапност на соодветни уреди и апарати. Денес се застапени повеќе различни методи за бесконтактно мерење на температурата, а самата техника на бесконтактно мерење на температурата на телата се нарекува инфрацрвена термографија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.