Рубрика: Металство и машинство
Конструирање за почетници (1)
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6-7/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Потребата од, макар елементарно, запознавање со основите на конструирањето произлегува од фактот што тоа директно влијае врз сите области на животот на Земјата. Од него зависи напредокот и опстанокот на една фабрика, индустриска гранка, индустрија, па и целото стопанство на една земја. Конструирањето е мала и кратка фаза во животниот век на еден производ, но фаза во која се решава за сите негови битни особини и квалитетот. Тука се дефинираат функционалните својства на производот, се обезбедува неговата работна способност, се осигурува технологичноста и економичноста на производството, се обезбедуваат естетските, ергономските и еколошките својства, економичноста на експлоатацијата и идното одржување на производот, како и неговата употребливост, цена, атрактивност и виталност.

За да може човекот да ја користи и да ја приспособува природата на своите потреби, неопходни се машини (под поимот машина овде се подразбира таква материјална творба, со којашто се реализира некаква сакана трансформација на материјали, енергија или сигнали-информации). Машината треба да ја извршува својата функција квалитетно, сигурно, економично, без загрозување на човекот и околината, да е допадлива, да остава пријатен впечаток, да е погодна за ракување, транспорт, одржување, за ремонт... За да може да ги исполни овие задачи, машината треба да се замисли, пресмета, да се обликува и, најпосле, да се изработи. Добрите примероци треба да може да се произведат во идентична форма во неограничен број, на оддалечени места и во различно време. Тоа истовремено значи дека е потребен и подробен опис на машината. Процесот во којшто се замислува, пресметува, обликува и се опишува една машина, постројка, дел, елемент или, едноставно, некој технички производ, т.е се создава конструктивна документација, со еден збор се нарекува КОНСТРУИРАЊЕ . Пошироко гледано, конструирањето претставува креативна човечка активност и мисловен процес што тргнува од идејата, се изведува со користење на знаењето и податоци, и завршува, со информација (опис) затоа како треба да изгледа саканиот објект и како да се изработи. Притоа се користат и се обработуваат голем број најразлични информации, што јасно зборува дека во својата суштина конструирањето е информативен процес.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6-7/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.