Емитер 10/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Под методско конструирање вообичаено се подразбира практичната примена на науката за конструирањето. Цел на методското конструирање е процесот на конструирање да се развие како метод што овозможува проблематиката на конструирањето да се решава воопштено, а не како проблематика на сосема конкретна машина или уред. Притоа, конструирањето треба да се разбере како процес во кој со еднакви постапки може да се решаваат различни задачи.
Еден од главните проблеми на науката за конструирањето, а пошироко гледано и на модерната техничка наука, е зголемување на продуктивноста на мислењето во подрачјето на изработка на техничката документација и креирање нови производи, т.е. во областа на конструирањето. Методското конструирање овозможува целиот процес на конструирање да се разработи алгоритамски и да се решава со помош на компјутер. Притоа, овде не се мисли на едноставна примена на компјутерот за вршење пресметки и димензионирање на одделните елементи, туку за можност да се користи во сите фази на процесот на конструирање (конципирање, проектирање, конструктивна разработка).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.