Емитер 7-8/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во ова продолжение ќе ги објасниме материјалите за изработка на цевководната мрежа, како и пристапот кон планирање на системот за парно греење. Тука ќе објасниме како да го димензионирате котелот за вашето парно, колку радијатори треба да поставите и со колкава моќност да бидат радијаторите.
Во претходниот напис од главните составни делови остана неопфатен само цевководот на системот за парното греење. Во ова продолжение ќе ги објасниме можностите за изработка на цевководниот систем, како и материјалите кои се достапни за негова изработка. Во продолжение ќе дадеме осврт кон начинот на планирање и димензионирање на вашиот систем за парно греење. Планирањето на системот за парно греење е една од најважните фази при неговата изработка, бидејќи во голема мера може да се заштедат финансиски средства, да се намали физичката работа, а притоа да се заштитите од грешка во самата монтажа. Повторно ќе напоменам: да не земате како репер системи за парно греење кои се веќе изведени од страна на други мајстори. Мајсторите што местат парно греење наплаќаат процентуално од вредноста на деловите што ги вградуваат, па многу често се стремат да вградат што повеќе делови, се разбира, за да заработат повеќе пари. Вие, доколу го монтирате вашето парно греење, нема потреба да вградувате некои од деловите што се вградени во други системи на парно греење, т.е. направете си сопствено планирање на системот за парно греење.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.