Електроника

Електронската стимулација на мозокот (черепот) покажува јасни благотворни дејства во намалувањето на повеќе видови главоболки и состојби на анксиозност, депресија и несоница. Иако електронските мозочни стимулатори се скапи уреди, во минатото продолжение видовме дека еден таков уред може едноставно и со малку средства да се реализира во самоградба.


Информатика

Под мотото "Што ќе изработиш" (What will you make), во периодот од 8 до 11 септември минатиот месец се одржа седумнаесеттиот по ред Интел Девелопер Форум. Ова е настан кој Интел го организира за својата заедница на програмери, креатори и сите оние партнери кои на некој начин ги консумираат или ги користат неговите производи.


Аудио и видеотехника

Ако сакате да го следите трендот на најновите достигнувања и промени во областа на професионалниот продукциски свет, задолжително треба да го посетите саемот IBC во Амстердам. Но ако немате таква можност тогаш нашата репортажа од местото на настанот е адекватна замена.


Аудио и видеотехника

За квалитетот на сликата за каква било намена (фотографирање, телевизија, медицина, физика, археологија, астрономија и друго) битни се повеќе фактори, и тоа: квалитетот на оптиката, осветлувањето, квалитетот на камерата, процесирањето, дополнителната обработка, квалитетот на медиумот за запис, квалитетот на уредот што ја предава и ја прима создадената слика или видеосигнал и друго. Големо значење има и инвентивноста и искуството на тој што ракува со сето тоа.


Астрономија и астронаутика

Досега научниците можеле само да претпоставуваат дека според вкупниот број ѕвезди во нашата галаксија, логички е во неа да има и други "гостољубиви" планети со услови за живот, но, колкав е нивниот број, можеле само да нагаѓаат. Конечно денес мисијата "Кеплер" не само што го потврди постоењето на такви планети во нашата галаксија, туку и го детерминира нивниот број: "9 милијарди егзопланети од типот Земја, со услови за живот". Дури и повеќе од тоа, друга една мисија, т.н.


Автомобилска техника

Во последниве години во понудата на луксузните автомобили и SUV возилата на познатите автомобилски брендови се појавија модели со воздушно потпирање, т.е. воздушна амортизација. Потребата за воздушна амортизација кај луксузните автомобили е, пред сè, овозможување на комотно и удобно патување, а по потреба, при премин во спортски режим, се задоволува и спортската страст на возачот со тврда амортизација и спуштен автомобил.


Медицина

Поради големиот интерес за проектот "Електронскиот мозочен стимулатор", обработен во минатиот број, се јави потреба за ваков напис. Имено, повеќе читатели ни се јавија со барање за повеќе информации врзани со темата, особено за научните сознанија на ова поле. Затоа, во овој напис ќе ви презентираме краток осврт кон зачетоците на електричната стимулација на мозокот, нејзината примена во современата медицина, како и нови трендови коишто би нашле примена во наредните децении.


Астрономија и астронаутика

Д-р Милтон Веинрајт (Milton Wainwright), професор по астробиологија на Универзитетот од Шефилд, познат е по своите контроверзни тврдења дека нашол докази за постоење на организми надвор од Земјата. Ја искористивме неговата посета на Македонија за да присуствуваме на неговото предавање кое се одржа во организација на Природноматематичкиот факултет во Скопје. Проф. Веинрајт на предавањето детално го опиша текот и резултатите на направените истражувања.


Електроника

Ако поради разни причини треба да обезбедите аудиоконтрола во дневната просторија од некоја соседна просторија, на пример од детската соба, тоа ефикасно можете да го направите со употреба на едноставен ФМ мини-предавател, всушност прислушкувач, којшто самите можете лесно да го изградите според упатството во овој напис. ФМ мини-предавателот ќе го поставите во собата што сакате да ја прислушкувате, а неговиот сигнал можете да го следите во вашата просторија на класичен ФМ радиоприемник.


Електроника

Речиси секој електроничар повремено се соочил со проблемот да измери мал отпор, а дигиталниот мултиметар не е од помош, бидејќи за отпори помали од 1 ом речиси е неупотреблив. Но само со неколку компоненти, можете да направите уред кој ќе му помогне на вашиот мултиметар да мери мал отпор.


Фототехника

Што очекува потрошувачот од фотоапаратот? Најдобар квалитет на фотографијата. Слобода да слика и мравки, и птици во лет, и морето цело. Можност да овековечи момент и на сонце и на слаба светлина. Да снима перфектно видео и да има совршено аудио. А да, сакаме и разни АРТ филтри, WiFi комуникација... Сето ова во мало пакување за да можеме да си го земеме секаде со нас. Најбитно, на крајот, е да не дадеме многу пари. Olympus Stylus 1x е блиску до овој идеал.


Информатика

Во овој дел ќе се запознаеме со тоа како работи програмскиот јазик PHP со низи и полиња преку неколку примери. Во PHP е овозможено замена на некој текст со друг, додавање елементи во низата, да ја одредиме должината на низата, како и креирање полиња коишто чуваат голем број слични податоци, при што може да пребаруваме низ нив, да ги сортираме, да ги споредуваме, да додаваме и да бришеме елементи во полето.


Информатика

Блог е еден вид интернет-страница. Нив најчесто ги одржуваат поединци. На нив се пишуваат текстови, при што е овозможено посетителите да пишуваат коментари на одредена тема. Една од важните работи, ако самостојно водите личен блог е да знаете како подобро да го заштитите. Блог можете да направите на платформата Wordpress на која тема и да посакате. Досега постојат 156 милиони блогови. Импресивно, зарем не?


Информатика

Се работи за еден многу важен подвиг во светот на ИТ-индустријата, кој истовремено може да биде предмет на разочарувања и преврирања, како што беше со "осмицата". Што можеме да очекуваме од оперативниот систем Windows 10?


Аеронаутика

Хеликоптерот Ми-17 е по потекло од поранешниот СССР и денешна Русија. Претставува извозна верзија на Ми-8 со вкупна продукција од околу 12 000 примероци. Освен државите од поранешниот источен блок го поседуваат и многу други држави во светот, вклучувајќи ги и САД и Македонија. Причина за ова е што Ми-17 е повеќенаменски хеликоптер, кој е издржлив и сигурен во разни услови. Прочитајте повеќе во текстот што следува.


Металство и машинство

Под методско конструирање вообичаено се подразбира практичната примена на науката за конструирањето. Цел на методското конструирање е процесот на конструирање да се развие како метод што овозможува проблематиката на конструирањето да се решава воопштено, а не како проблематика на сосема конкретна машина или уред. Притоа, конструирањето треба да се разбере како процес во кој со еднакви постапки може да се решаваат различни задачи.


Колумна

Некој на времето да ми тврдеше дека падот на Берлинскиот ѕид ќе има толкаво влијание врз фалсификувањето на електронските компоненти, немаше воопшто да му верувам. Но гледано од денешна перспектива, директен генератор на овој опасен проблем, кој тешко ја обременува електронската индустрија, е токму падот на овој легендарен ѕид во 1989 година.


Електроника

Релаксационите осцилатори се генератори на периодични сигнали со форма на правоаголни, пилести или триаголни импулси. Карактеристични се по тоа што содржат голем број хармонични компоненти. Во овој серијал ќе се запознаеме со неколку типови релаксациски осцилатори, а за почеток ќе ги разгледаме карактеристиките на правоаголните импулси.


Медицина

Растителната храна има непроценлива вредност во борбата против карциномот. Бројни независни студии ги поставиле зелениот чај, куркумата, брокулата, шипките и карфиолот на врвот на скалата на "супернамирници" коишто се делотворни против ракот на простата.


Омнибус

Оваа година се навршуваат точно 160 години од раѓањето на Михајло Пупин. Овој голем научник придонел со повеќе изуми за развојот на електротехниката и телекомуникациите. Во овој напис пишуваме за неговиот животен пат и поврзаноста на овој научник со овие простори.


Хемија

Меѓународната олимпијада по хемија (International Chemistry Olympiad, IChO) е средношколски натпревар од највисок меѓународен карактер, кој секоја година привлекува голем број талентирани учесници од целиот свет. Од овие средношколци се бара да решаваат теоретски и практички задачи со високошколски тематики. Македонија со своето кратко искуство на ваквите олимпијади е сè уште на долгиот пат до наградено учество.


Макетарство и моделарство

Да се организира моделарски натпревар од светски ранг е подвиг, а два вакви настани во два дена, би рекле сите – невозможно. Но, токму тоа и се случи , на 27-ми и 28-ми септември се одржаа два македонски натпревари од Светскиот куп, "Прилеп КУП – трофеј на Прилеп" и "Светски куп Македонија". Натпреварите се одржаа во организација на здружението за воздухопловни спортови – Прилеп, со подршка од Воздухопловната федерација на Македонија и под покровителство на градоначалникот на град Прилеп, г.


Омнибус

Оваа рубрика е посветена на настани и личности од минатото, кои своевремено ги имаат поттикнато и насочено науката и техниката во насока што резултира со актуелниве научни и технички сознанија и благодати. Настаните се однесуваат на актуелниот месец, а изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.


Омнибус

Електронски тестер за притисок; Спирално струење околу галаксијата NGC 5907; Пајаците ја штимаат својата мрежа како жичен инструмент; Лилјаците користат поларизирана светлина како ноќен компас; Ретро електроника; Најнова потврда на ајнштајновата теорија за релативитетот; Внимавајте кога ги миете забите; Сондата Rosetta ќе истовари научна апаратура на комета; Грамофон Thorens TD 309; Хибриден погон за камиони; Слоновите ги разликуваат луѓето според јазикот и полот; Новиот "Karl Opel"; Индиска


Писма
Напојување за дигитална контрола на предзасилувач
ППК со погрешни димензии
Фина регулација на струјата