Рубрика: Информатика
Интел девелопер форум Сан Франциско 2014
Автор: Костадин Солаков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Под мотото "Што ќе изработиш" (What will you make), во периодот од 8 до 11 септември минатиот месец се одржа седумнаесеттиот по ред Интел Девелопер Форум. Ова е настан кој Интел го организира за својата заедница на програмери, креатори и сите оние партнери кои на некој начин ги консумираат или ги користат неговите производи. Како и во изминатите неколку години, настанот се одржа во центарот Москон во Сан Франциско, а ЕМИТЕР вторпат имаше можност да присуствува на конференцијата благодарение на соработката со "Примарк комуникации".

Голем дел од настаните беа ориентирани кон темелите на унифицираната комуникација, која треба да го овозможи глобалното IoT вмрежување, како и на платформите за развој на уреди и софтвер кон чиј развој Интел ќе се фокусира во следните неколку години. Роботи, супербрз USB пренос, многу примери за IoT сценарија, "wearables", развојни плочки, иновативни креации и, секако, нови процесори се само дел од експонатите што можеа да се видат во изложбениот простор и за кои можеше да се чуе повеќе во преку 120 технички сесии што се одржаа во рамките на ИДФ 2014.

Клучни зборови:

Овогодинешниот ИДФ „нагости“ повеќе од 3000 посетители

Заложбата против употреба на конфликтни минерали е голем приоритет на Интел

Модниот додаток со кој Интел се претстави на модната недела во Милано

Вашиот известувач не успеа да најде слободно место во Galileo лабораторијата, но затоа изработи клавијатура со банани :) - Makey Makey

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.