Рубрика: Астрономија и астронаутика
Интервју со Милтон Веинрајт: Докажав дека постои живот надвор од Земјата!
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Д-р Милтон Веинрајт (Milton Wainwright), професор по астробиологија на Универзитетот од Шефилд, познат е по своите контроверзни тврдења дека нашол докази за постоење на организми надвор од Земјата. Ја искористивме неговата посета на Македонија за да присуствуваме на неговото предавање кое се одржа во организација на Природноматематичкиот факултет во Скопје. Проф. Веинрајт на предавањето детално го опиша текот и резултатите на направените истражувања. На крајот, љубезно се одѕва на нашата молба за интервју.

Проф. Веинрајт (Wainwright) за истражувањата користел стандардни метеоролошки балони кои се искачуваат во стратосферата, на височина од 27 km, простор каде што владее речиси потполн вакуум. Под балонот била монтирана затворена касета (од стар компјутерски CD ROM!) која на однапред дефинирана височина се отворала, собирајќи примероци од прашината која од вселенскиот простор паѓа на Земјата, па по затворањето се спуштала со падобран на површината. Собраните примероци биле испитувани со електронски микроскоп и биле најдени голем број на структури со релативно големи димензии од неколку микрометри. Тела со такви димензии и тежина можат да бидат исфрлени во стратосферата на Земјата под дејство на силни вулкански ерупции, но тие паѓаат на површината на Земјата по само неколку часови – што е потврдено од други научници во независни истражувања. Бидејќи балоните биле испраќани во време кога со недели немало никакви вулкански ерупции, тие релативно големи структури можеле да дојдат само од горе, надвор од Земјата. Неколку такви структури имале невообичаени форми и структури што многу личеле на жив организам, а во еден случај било најдено парче од лушпа од дијатомеа – едноклеточна алга. Во интервјуто коешто редакцијата го направи со овој ценет професор при неговата посета на Природноматематичкиот факултет стана збор токму за овие откритија како и плановите за идни истражувања.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.