Емитер 10/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Релаксационите осцилатори се генератори на периодични сигнали со форма на правоаголни, пилести или триаголни импулси. Карактеристични се по тоа што содржат голем број хармонични компоненти. Во овој серијал ќе се запознаеме со неколку типови релаксациски осцилатори, а за почеток ќе ги разгледаме карактеристиките на правоаголните импулси.
Во основните параметри на правоаголните импулси се вбројуваат висината (напон), ширината (времетраење) на импулсот и на паузата и односот на траењето импулс – пауза. Импулсот и паузата можат да бидат со еднакво траење, кога е односот импулс – пауза 1:1, а можат да бидат и со различно траење, како на пример, кога е односот импулс – пауза 2:1. Импулсот и паузата заедно формираат една периода на импулсите во поворката импулси. Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.