Рубрика: Електроника
Електронски мозочен стимулатор (2)
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Електронската стимулација на мозокот (черепот) покажува јасни благотворни дејства во намалувањето на повеќе видови главоболки и состојби на анксиозност, депресија и несоница. Иако електронските мозочни стимулатори се скапи уреди, во минатото продолжение видовме дека еден таков уред може едноставно и со малку средства да се реализира во самоградба. Уште повеќе, нашиот електронски мозочен стимулатор воопшто не заостанува според техничките карактеристики зад професионалните уреди, особено ако обрнеме внимание на неговиот естетски изглед, како и за неговата ергономската функционалност.

Ергономијата како да е табу тема кај многу самоградители – ентузијасти. Многу од нас се задоволуваат со градба на електронски уред којшто функционира правилно, а кога се работи за естетските атрибути или за обезбедување едноставно и практично ракување, тоа се прави со толку малку волја што редовно изостануват конзистентни резултати! Во моето долгогодишно искуство сум видел мноштво уреди изградени од градители – ентузијасти, и сведок сум на едно општо правило коешто често провејува: Толку ќе се “испреплетка” механич-ката градба што, за да се залеми последната жичка, ќе треба да се “провлекува” лемилото низ речиси затворена кутија! А да не зборуваме за почитување на ергономските правила. Ергономија, што е пак сега тоа? Би се прашале... Ергономијата е онаа дејност што ги проучува и ги зема предвид, при конструкцијата на уредите, сите можни заемни содејства на уредот со корисникот со цел тие да се оптимизираат и да се конструира уред што ќе биде едноставен за ракување и нема да предизвика непотребна и неприродна активност од страна на корисникот. Еден многу популарен термин се користи во поново време за оние уреди што се проектирани земајќи пред-вид бројни закони на ергономијата, тоа е: “user friendly”, уред или во слободен превод, “кориснички настроен” уред. Самосвеста за битноста на ергономијата во најновите технички решенија оди дотаму што со векови повторуваната максима: “Не ме бива за техника, па не знам да ракувам со уредот!”, веќе не важи и се воведува нова: “Ако не успева корисникот да го совлада ракувањето на уредот “од прва”, тоа значи дека уредот не е правилно дизајниран!”. Тоа важи и за нашиот уред којшто има бројни можности за нагодување на процесот, а тие треба да бидат физички поставени така што да не остават никакви дилеми при користењето на уредот. Па, да почнеме со ред.

Технички карактеристики:

• Нагодливи електрични импулси со струја од 30 µA до 500 µA. • Индикација на интензитетот на импулсите со помош на LED. • Нагодлива фреквенција на повторување на импулсите од 0,25 Hz до 256 Hz во 6 подрачја. • Нагодлив однос импулси/пауза во однос 1:1:2 и 1:1:6 (позитивен импулс : негативен импулс : пауза). • Автоматско исклучување при завршување на терапијата во траење од 12,5 мин., односно 25 мин. и можност за стопирање и/или ресетирање на процесот во која било негова фаза. • Потполно автономен и пренослив уред. • Мала потрошувачка на електрична енергија. Повеќе од 50 25-минутни терапии со 4 стандардни ААА батерии (повеќе од 250 терапии со 4 АА алкални батерии).

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1424
Печатена плочка: MASK141

ИК: CD4011B, CD4040B, CD4060B, CD4017B; Кристал: 32,768 kHz

Клучни зборови:

Изработениот прототип на мозочниот стимулатор

Изработениот прототип на мозочниот стимулатор

Поглед во внатрешноста на изработениот прототип на мозочниот стимулатор

Поглед во внатрешноста на изработениот прототип на мозочниот стимулатор

Поглед во внатрешноста на изработениот прототип на мозочниот стимулатор

Изработениот прототип на мозочниот стимулатор


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.