Емитер 5/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во минатото продолжение апсолвиравме дека симулацијата го опишува однесувањето на електронскиот уред при одредени реални услови, без да се спроведат физички испитувања. За воопшто да имаме симулација, потребно е да имаме модели на сите пооделни компоненти кои би го карактеризирале нивното однесување, како во временски така и во фреквентен домен.
Честопати, процесот на моделирање, односно начинот на создавање модели се поистоветува со самата симулација, што е погрешно! Навистина, тоа се испреплетени односи, но моделите го претставуваат однесувањето на пооделните компоненти на системот, додека симулацијата го претставува однесувањето на целиот систем, како во временски така и во фреквентен домен.
Моделите на електронски компоненти се создадени за да дадат задоволителни резултати при одреден тип апликации. Не е ни вредно за опис што сè би можело да се случи кога моделот на транзистор наменет за аналогни апликации би го употребиле за симулација во дигитално коло, на пример. Навистина, вообичаено е моделирањето на електронските компоненти да се остварува преку соодветен математички модел кој се обидува да најде соодветно аналитичко решение што ќе го дефинира специфичното однесување на одредена компонента преку соодветен дијапазон на параметри, како и почетни услови односни на истата. На овој начин може многу добро да се опише однесувањето на поголем број пасивни компоненти како и на одреден број линеарни активни компоненти, но ваквиот пристап дава слаби резултати при компоненти со дискретни или нелинеарни карактеристики.
Многу е лошо, а во крајна линија и сосема непрофесионално да се врши симулација со модели чии својства не се сосема познати. Тоа ви е исто како да составите електронски уред, а пред тоа да не сте ги измериле карактеристиките на сите компоненти пооделно! Ако склопениот уред не работи, нема да знаете дали тоа се должи на неисправност на некоја компонента или е поради грешка во електричната шема (односно ожичувањето). Исто така, за да немате главоболки со симулацијата, треба сите параметри на моделот да се познати и/или да употребите модел од истиот реномиран производител од кој е самата реална компонента! Со текот на времето ќе стекнете искуство за тоа кои модели навистина се добри и не создаваат проблеми, а кои се многу чуствителни и на најмалата промена на параметрите (на пример: TL494 од различни производители редовно ќе даде различни резултати!).
Запомнете дека одредена симулација на колото е само еден од можните начини на однесувањето на колото и ако параметрите на употребените модели не соодветствуваат со оние на реалните компоненти, резултатите безмалку секогаш ќе се различни од стварноста. Токму затоа на моделите и моделирањето треба да им се посвети посебно внимание, за што, верувам, дека од голема помош ќе ви биде овој напис.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.