Дури и просечните познавачи на историјата на авијацијата ќе забележат дека авионот на браќата Рајт "Flayer I", со кој отпочна ерата на воздухопловството, според својата конфигурација бил од типот канар, т.е., како што тогаш се нарекувало, "патка". Во првите декади на 20-тиот век, оваа конфигурација била позната и се појавиле неколку успешни модели (Farman, Voisen), но веќе во третата декада престанал интересот за неа.