Рубрика: Аеронаутика
Фиксното крило го возвраќа ударот (3): Афирмација на конфигурацијата канар
Автор: Владимир Андоновиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дури и просечните познавачи на историјата на авијацијата ќе забележат дека авионот на браќата Рајт "Flayer I", со кој отпочна ерата на воздухопловството, според својата конфигурација бил од типот канар, т.е., како што тогаш се нарекувало, "патка". Во првите декади на 20-тиот век, оваа конфигурација била позната и се појавиле неколку успешни модели (Farman, Voisen), но веќе во третата декада престанал интересот за неа. Воведувањето на млазниот погон, во педесеттите години, го оживува интересот за "патката", а осумдесеттите години и донесуваат целосна афирмација, така што таа со своите квалитети го најавува преземањето на водечката улога кај четвртата и петтата генерација ловци. Пионери во развојот на оваа технологија се Шведска (Saab) и Франција (Marcel Dassault и моделите Mirage и, особено, Rafale). Денес блиската интеграција на канари и делта-крило е најзастапената аеродинамичка шема на современите суперсонични ловци.

Во воздухопловната терминологија под терминот канар се подразбираат две толкувања: 1 – конфигурација на авион кај кој хоризонталните површини што служат за тримување и управување се наоѓаат пред главните подемски површини (т.е. пред крилата) и 2 – хоризонтални површини за управување со таква конфигурација. Канарите можат да бидат неподвижни и подвижни. Подвижните можат да се отклонуваат симетрично или диференцијално создавајки директни аеродинамички сили кои создаваат нови степени на слобода на воените авиони (суперманеври).
Канарите како аеродинамички површини влијаат позитивно на голем број витални аеродинамички карактеристики, како: аеродинамичката финеса, аголот на свивањето на воздушната струја, стабилноста, центражата, коефициентот на максималниот подем (узгон), коефициентот на отпорот, положбата на неутралната точка, должините на полетувањето и слетувањето, максималната брзина, маневарските карактеристики, долетот и радиусот на дејството. Наспроти евидентните предности на оваа конфигурација и стекнатите искуства во Западна Европа (Франција, Шведска), воздухопловствата на САД и на Русија подоцна се вклучиле во неговата примена. Денес спрегнатите канари со крилото се незаменлива карактеристика на авионите од четврта и петта генерација.

Клучни зборови:

Современ ловец од 4. генерација со фиксно делта-крило и блиска интеграција на крило и канар – францускиот повеќенаменски авион Dassault Rafale.

Су 30 МКИ – повеќенаменски воен авион за создавање превласт во воздухот

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.