Рубрика: Електроника
Резервно светло со автоматски старт
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Кога некоја осветлена просторија ќе се најде во темница поради прекин на напојувањето од електричната мрежа, а важно е просторијата да остане осветлена, таа грижа на себе може да ја преземе едноставен електронски склоп, дизајниран да стартува автоматски со продукција на сопствено резервно светло при прекин на мрежата и, исто така, автоматски да го исклучи при повторно воспоставување на напојување од мрежата.

Честопати е актуелно некоја осветлена просторија во која се престојува да не остане во темница при евентуален прекин на електричното напојување од дистрибутивната мрежа поради некаков дефект во инсталацијата. Решението во таков случај е во брзото вклучување на резервно светло (светло за нужда). Во тој контекст многу погодно решение претставува електронскиот склоп, кој ви го предлагаме во овој напис. Погодностите кои тој склоп ги има се следните:
1. Продуцира доволно силно резервно светло, што се должи на употреба на 12 бели LED диоди со интензивен сјај;
2. Резервното светло се вклучува автоматски кога ќе се прекине напојувањето од мрежа и автоматски се исклучува кога тоа повторно ќе се воспостави;
3. Склопот има своја сопствена акумулаторска батерија, која се обновува со полнење. Кога батеријата е наполно полна, нејзиното полнење автоматски се исклучува.

Исправки и дополнувања:
Две корекции во електричната шема

На електричната шема има две грешки кои, иако се очигледни, добро е да ги коригираме: плусот на кондензаторот C1 "виси во воздух" – тој треба да е споен со плусот од Грецовиот спој, а означената вредност од 100Ω се однесува за отпорниците кај LED диодите R5...R16 (а не R3...R14, како што стои на шемата).


Главни елементи и материјали:

Бели LED диоди;
Транзистори: BD140, BC548

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.