Рубрика: Астрономија и астронаутика
Дали сме сами во вселената?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Одговорот на ова прашање претставува еден од поголемите предизвици за современата наука. Во тој контекст, во 1961 год. американскиот астроном Франк Дрејк составил формула за пресметка на најверојатниот број интелигентни цивилизации во нашата галаксија, и од тогаш до сега, веќе 50 год. истражувачите го прислушуваат етерот сметајќи дека ќе уловат и некој радиосигнал од некоја вонземска интелигенција, способна да комуницира меѓусебно. Во текстот што следува прочитајте до каде е стигнато со одговорот на прашањето "дали сме сами во вселената".

Идејата за "безброј светови во бесконечен универзум" за првпат е публицирана во далечната 1584 год. од страна на Џордано Бруно, несреќник, кој поради таа "богохулна" идеја бил осуден и бил запален на клада од страна на црковната инквизиција! Подоцна, кон крајот на XIX век, кога на италијанскиот астроном Скијапарели му се присторило дека видел канали на Марс, за прв пат се појавила мислата дека е откриена вонземска цивилизација! Но, првите чекори во насока на рационално истражување во потрага по вонземска интелигенција ги направил американскиот астроном Френк Дрејк (Frank Drake) во 1960 год., со обидот за детекција на радиосигнали од насока на неколку сомнителни ѕвезди сметајќи дека околу нив постојат планети со вонземска интелигенција, која комуницира меѓу себе, па може да се уловат нивните радиосигнали. Програмата е наречена OZMA, подоцна преформулирана во SETI. Но, кога во најново време истражувачите открија неколку стотини егзопланети, потрагата по вонземски живот се потпре на опсервабилна (набљудувачка) метода. Во размер на универзумот таа нема никаква смисла, кога се знае дека најблиската галаксија, Андромеда, е оддалечена од нас 2,36 милиони светл. год., па резонски е потрагата да се ограничи само на нашата галаксија, простор којшто светлината го поминува од крај до крај за "само" 100 илјади години.

Клучни зборови:

Френк Дрејк

Дрејковата равенка

Сигналот кој се испраќа од Аресибо

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.