Емитер 5/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако сакате да дознаете нешто за математиката без калкулатор, компјутер и чипови и како се снаоѓале постарите генерации за математичките пресметки, прочитајте го написов. Дали денес, кога живееме во ерата на компјутерите, овие застарени алатки треба да ги заборавиме? Или навистина вреди онаа народната поговорка"Нов бунар копај, но во стариот не плукај".
Паралелно со развојот на науката, човекот почувствувал потреба од сè посложени математички операции во кои често пати имало многу пресметки со множење или делење. Како по некое непишано правило, собирањето и одземањето како математичка операција на човекот му претставува полесна и побрза постапка во споредба со множењето или делењето. Токму поради оваа причина човекот го насочил своето размислување да изнајде можности како операциите множење и делење да ги "замени’ со операцијата собирање. Множењето и делењето како математички операции се поупростени во 16 век, со примена на децимално запишување на броевите. Во тоа време во 1614 год. шкотскиот математичар Џон Непер (John Napier 1550-1617) го објавил својот научен труд Mirifici logarithmorum canonis descriptio. Во неговото дело го претставил својот изум за логаритмите. Смртта го спречила да го финализира својот изум и да изработи логаритамски таблици. Започнатата работа ја довршил неговиот колега, англискиот математичар Хенри Бригс (Henry Briggs) во 1617 год. Тој во своето дело Logarithmorum Chilias prima прв воведува логаритми со основа 10. Логаритмите од Непер се познати како природни логаритми. Тие го имаат за основа “природниот“ број e=2,718… Природните логаритми се запишуваат како logaritmus natural, но најчесто со кратенката ln. Логаритмите од Бригс се познати како декадни логаритми и се запишуваат со кратенката log.
Со примена на логаритмите покрај тоа што се поедноставиле операциите множење и делење, се поедноставиле и постапките за степенување и коренување. На основа на ова сознание конструирана е механичка направа што се вика логаритмар или познат како "шибер". Наједноставниот логаритмар има две скали и на него може да се извршува операција множење и делење. Множењето се врши по принцип на собирање на логаритамските отсечки помеѓу дадените броеви. Делењето е спротивна постапка, се врши со одземање на отсечките. Постојат логаритмари со повеќе поделбени скали, на кои може да се пресметуваат посредно или непосредно посложени математички операции.
Во прилог на овој напис ќе ви презентирам како самите да направите едноставна направа за множење со апсолутна точност. Направата е составена од десет правоаголни плочки, кои се обележани со бројки во девет квадратни делови. Плочките наликуваат на домино и може да се изработат од поцврст картон. Се надевам дека помладите читатели на ЕМИТЕР, заедно со своите родители или наставникот, ќе одделат малку време и ќе направат за себе една многу едноставна конструкција со која ќе може операцијата множење да се трансформира во собирање.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.