Рубрика: Математика
Медали и за македонските средношколци-олимпијци во математика
Објавено на 20.07.2024 - 20:30

Златен медал освои Дамјан Давков на 65. Интернационалната математичка олимпијада во Англија што се одржува во Бат, Англија. Алексиј Тасиќ и Леонид Тодороски освоија бронзени медали, а Никола Цветаноски, Бранко Јангеловски и Ивано Божиновски освоија пофалници.

Тимот го сочинуваа: Дамјан Давков – Математичко-информатичка гимназија, Скопје; Алексиј Тасиќ – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје; Никола Цветаноски – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје; Леонид Тодороски – ПСУ „Јахја Кемал“, Струга; Бранко Јангеловски – ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје; и Ивано Божиновски – Математичко-информатичка гимназија, Скопје.

Едномесечна сага ги следи македонските средношколци-олимпијци кои годинава немаа никаква државна поддршка да заминат на светските натпревари. Сами си ги плаќаат билетите до земјите домаќини на натпреварите со одредена помош од донатори и помагачи. Умно.мк веќе три недели пишува дека ако државата не помогне, телантираните уленици само ќе треба да го поднесат трошокот. Во меѓувреме се отворија повици за донации.

Младите биолози беа на натпревар во Астана, Казахстан, математичарите во Бат, Англија, а друга екипа наскоро ќе замине во Хонг-Конг, Кина. Хемичарите треба да се натпреваруваат во Ријад, Саудиска Арабија. Јан Стојановски вчера освои злато на Европската олимпијада по физика во Кутаиси, Грузија, а утре заминува со тимот на Интернационална аолимпијада по физика во Исфахан, Иран. Во септември информатичарите треба да патуваат во Египет. Натпреварите ги организираат Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ), Македонското билошко друштво (МБД) и Здружението на информатичарите на Македонија.

Преземено од umno.mk

Клучни зборови: