Емитер 5/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Овој едноставен склоп е наменет за објекти кои го користат трофазниот дистрибутивен систем за напојување со електрична енергија. Кога ќе падне напонот на некоја од фазите, тој автоматски ги префрла сите монофазни потрошувачи што се напојуваат од таа фаза, на една од другите две. Склопот реагира на ист начин и кога некој од фазните напони ќе падне на нула. Со ваквиот начин на работа склопот ефикасно ги штити чувствителните потрошувачи (телевизор, компјутер, ладилник...) од оштетување заради паѓање на фазниот напон.
Кога во еден објект што е приклучен на трофазниот дистрибутивен систем за напојување со електрична енергија ќе падне напонот на една од фазите, последиците за монофазните потрошувачи што се напојуваат од таа фаза можат да бидат катастрофални. Во тој случај подобро е сите чувствителни монофазни потрошувачи веднаш да се исклучат, отколку да се остават да работат на низок напон и да настрадаат. Но, ако напонот паѓа само на една или две фази, многу подобро решение е потрошувачите (сите или само тие што не трпат низок напон) од таа фаза да се префрлат на фазата која има нормален напон. Токму таа е основната намена на овој склоп. Тој врши автоматско префрлање на монофазните потрошувачи од фазата на која опаднал напонот, на некоја од другите две фази.
Склопот реагира на ист начин и кога некој од фазните напони ќе падне на нула. Сепак, ова не е идентична ситуација со претходната. Фазниот напон може да падне на нула и поради изгорен главен осигурувач на таа фаза односно, поради дефект на некој потрошувач. Ако дефектот е куса врска на потрошувачот, со префрлање на потрошувачите на друга фаза не се добива ништо освен дополнителна штета. Ќе изгори и осигурувачот што се наоѓа на таа фаза. За ова задолжително треба да се води сметка при поврзувањето на склопот со постоечката електрична инсталација.
Трансформатори: 230V/2x12V/3,2W
Релеи: 12Vdc
ИК: LM741
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.