Емитер 5/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Windows XP e оперативен систем кој сè уште најмногу се користи, но едно мора да признаеме. Не секогаш тој се однесува како што посакуваме ние. Постои ли начин да се контролира Windows-от? Секако дека постои. Една од алатките што ви овозможуваат да го контролирате вашиот омилен оперативен систем и да го направите попријатен за работа е малиот програм Tweak UI.
Овој програм е бесплатен. Дело е на Microsoft и може да го најдете бесплатно на Интернет. Друг начин е да го побарате програмот на CD-а кои ги има скоро секое подобро компјутерско списание. Инсталацијата е многу едноставна и наликува на инсталацијата на сите производи од Microsoft, па верувам дека со тоа нема да имате проблеми. Просторот потребен за Tweak UI е помалку од 1 MB. По инсталацијата треба во контролниот панел (Control Panel) да се појави икона преку која може да го повикувате програмот, а исто така и во Start менито ќе се појави патеката Start-All Programs-Powertoys for Windows XP-Tweak UI (ова се однесува за оперативниот систем Windows XP, а соодветно постојат верзии за другите Windows оперативни системи - Vista и Windows 7).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.