Рубрика: Информатика
Од Blu Ray во формат по ваша желба
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сè поголемата достапност на аудио/видеозаписите во Blu-Ray формат радува, но и наметнува дилема – како да се понесе таа колекција на патување, одмор, на излет? Дилеми нема – компресијата на овој запис е многу порационално решение од "м’кнењето" екстерен хард диск или куп дискови. А со што да компресирате? Погледнете ги нашите предлози во продолжение на текстов и одлучете.

Ништо ново во основа. Популарниот DivX и неговите варијации на оваа тема пред десетина години беа лек за истата болка. Во тоа време, ДВД оптичките уреди беа понедостапни (однос цена/плата) отколку што денеска е случај со BluRay уредите. Но сепак, носењето "купче" дискови со единечна содржина сепак не е најсреќно решение, дури и да сте горд сопственик на ДВД оптички уред во вашиот лаптоп. Ниту е тоа екстерниот хард диск, а да не говориме за узурпираниот простор на интерниот диск.
Следува преглед на четири софтверски алатки наменети за компресија на BluRay запис во соодветен формат: ImTOO Blu-ray Ripper 7.1.0, DVDFab 8.1.7.3, Pavtube Blu-Ray Ripper и Make MKV 1.7.4 Beta. Некои од нив поседуваат и дополнителни опции кои можат, и тоа како, да бидат од корист.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.