Рубрика: Аудио и видеотехника
Амстердам IBC 2014
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ако сакате да го следите трендот на најновите достигнувања и промени во областа на професионалниот продукциски свет, задолжително треба да го посетите саемот IBC во Амстердам. Но ако немате таква можност тогаш нашата репортажа од местото на настанот е адекватна замена. Запознајте се со најновите достигнувања во областа на продукцијата, прочитајте кои се новите видеостандарди и дознајте ги најновите производи на реномираните производители во видео и аудиопродукцијата, презентирани во Амстердам, на IBC 2014.

Оние што сакаат да го следат трендот на најновите достигнувања и промени во областа на професионалниот продукциски свет, задолжително треба да го посетат IBC (International Broadcasting Convention). IBC 2014 како секоја година така и оваа, беше распостелен во AMSTERDAM RAI, саемскиот простор во Амстердам. Покрај одлично организираните 14 хали, со површина поголема од 87 000 m², ова место претставува извор на новите технологии, каде што секоја година се одржуваат повеќе од 20-ина конференции. Настанот беше поделен на два дела, при што првиот дел содржеше богата програма со предавања и презентации од областа на новите технологии, хардверски и софтверски решенија, перспективни формати и стандарди којшто ќе се реализираат во наредните години, и вториот дел, кој започна на 12 септември и всушност е изложбениот саемски простор на кој беа презентирани околу 1500 компании од целиот свет.

Клучни зборови:

Професорот Brian Cox имаше своја презентација на IBC

Поглед кон една халите на IBC2014

Милчо Узунов, тестирање на можностите на новиот камкордер SONY PXW-FS7

Новиот модел на 4К камкордер од производителот JVC модел GY-HMQ10

Дел од гамата производи на производителот Blackmagic Design

Octocopter со 8 електромотори и далечинско управување

Роботизирано возило за терен, со можност за транспорт и контрола на филмска камера

Аудио конзоли, кои се контролни единици на софтверски управувани аудио миксери

Аудио конзоли, кои се контролни единици на софтверски управувани аудио миксери

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.