Емитер 10/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ако поради разни причини треба да обезбедите аудиоконтрола во дневната просторија од некоја соседна просторија, на пример од детската соба, тоа ефикасно можете да го направите со употреба на едноставен ФМ мини-предавател, всушност прислушкувач, којшто самите можете лесно да го изградите според упатството во овој напис. ФМ мини-предавателот ќе го поставите во собата што сакате да ја прислушкувате, а неговиот сигнал можете да го следите во вашата просторија на класичен ФМ радиоприемник.
Ако сте во ситуација да треба да прислушкувате некоја соседна просторија, на пример, детската соба кога во неа спие вашето детенце, а вие претстојувате во дневната соба, и сакате да имате увид во детската соба во случај детенцето да се разбуди и евентуално да заплаче, ситуацијата во детската соба можете ефикасно да ја следите преку аудиосигнал генериран од едноставен ФМ (FM) мини-радиопредавател, кој можете самите лесно да го изградите според упатствата во овој напис. Предавателот ќе го поставите во детската соба, а во дневната просторија ќе го вклучите вашиот класичен ФМ радиоприемник и ќе го нагодите на фреквенцијата од мини-предавателот. Предавателот е многу лесен за градба, дури и за електроничарите-почетници, се состои од само еден транзистор и неколку пасивни компоненти.
Фреквенциски опсег: 88 - 108 MHz Домет: 20 - 200 m, во зависност од антената и положбата
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.