Рубрика: Фототехника
Тест: Olympus Stylus 1x – фотоапарат за разгалени потрошувачи
Автор: Јане Стефанов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Што очекува потрошувачот од фотоапаратот? Најдобар квалитет на фотографијата. Слобода да слика и мравки, и птици во лет, и морето цело. Можност да овековечи момент и на сонце и на слаба светлина. Да снима перфектно видео и да има совршено аудио. А да, сакаме и разни АРТ филтри, WiFi комуникација... Сето ова во мало пакување за да можеме да си го земеме секаде со нас. Најбитно, на крајот, е да не дадеме многу пари. Olympus Stylus 1x е блиску до овој идеал.

Ете, драги мои читатели, на вакви маки ги ставаме развојните инженери во компаниите што произведуваат компактни камери. Вакви маки имале и при креирањето на Olympus Stylus 1, кој во овој број на “Емитер” ни е гостин. Вообичаено кога се запознавам со некој нов модел на фотоапарат или камера, го читам прво упатството, па гледам по интернет, му ги барам слабостите, и на крајот почнувам да фото-графирам. Овој пат решив да одам по обратниот редослед. Сакав да го доживеам како нов корисник. Првите впечатоци се дека во рацете имам добра “машина”, во релативно мало пакување. Одличен објектив 28-300mm, f/2.8 што волшебно исчезнува во телото на апаратот. Лесен, со убав “хват”. Брзо подготвен за фотографирање. Фантастичен дисплеј со контрола на допир. И визир како на најголемите и најубавите фотоапарати. Но, полека. Да ѕирнеме малку подлабоко во перформансите.

Клучни зборови:

Користење на ND филтер ги корегира пресветлите делови од фотографиите.

" href="https://emiter.com.mk/sites/default/files/sliki/napis/4_emiter_OLYMPUS_W4.jpg">

Добра за мали организации кои немаат буџети за "профи" сликање ...

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.