Рубрика: Фототехника
Сликај… поврзи… сподели!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Просто како 1-2-3. Поврзи го безжично Sony Cyber-shot DSC-HX50V со твојот таблет или smartphone, или на твојата домашна мрежа, и сподели ги тукушто направените фотографии. И тоа е сè? Да, во поглед на WiFi-поврзувањето. А за "камерата", другите можности и мануелни нагодувања, прочитајте во текстот што следува!

Уште еден модел од морето компактни дигиталци? Можеби… барем на прв поглед. Во последниов период бележиме завидна активност во поглед на пласирање нови модели од сè уште најпопуларната категорија – компакти. Летото кое што веќе започнува е вистинското време за замена на застарениот дигиталец со нов. Е, тука почнуваат маките на купувачите – кој и каков модел да се избере?
Со оглед на тоа што мегапикселната мегаломанија се намалува (границите во тој поглед полека се достигнуваат), трката се насочува во поглед на расположливите опции. А тука изборот веќе станува – боли глава! "Масло на огнот" долеваат и паметните телефони со своите камери – иако минијатурни во споредба со компактните дигиталци, сепак има модели кои овозможуваат сосема коректни фотографии (во поглед на квалитетот на истите). А со оглед на тоа што кај денешната младина споделувањето на фотографиите преку социјалните мрежи е примарна цел, јасно е дека во тој поглед фотоапаратите не можат да држат чекор. Или, пак, така беше до сега!?
Sony Cyber-shot DSC-HX50V почна да ја бранува и да ја мати водата…

Клучни зборови:

Девојчето и ружите - во природно опкружување :-) (f/3.5, 1/60, ISO-80)

премногу мегапиксели тука, и тоа како доаѓаат до израз (f/8, 30 sec, ISO-80)

Личи на постелнина на “TAC”. Не, не сме папараци, само да ви ги доловиме можностите на зумот на ~ 200m!

Зумот во акција од ~ 400m! И да нема забуна - вака се заштитува лозје

Само вака знае да биде мирен…. (Portrait режим, f/3.5, 1/13, ISO-800)

Вистинска позерка (од паричникот мислеше дека е нешто за јадење ;)) (Manual режим f/6.3, 1/50, ISO-200)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.