Електроника

Во претходниот број на ЕМИТЕР беше опишано како да се креира проект во работната околина, како да се компајлира програмата која е креирана и потоа како да се верификува исправноста на програмата. Во овој дел, преку неколку примери за микроконтролерот LPC2148 ќе се запознаеме како се изработува проект и како се тестира неговата функционалност. 


Електроника

Покрај лемило, мултиметар и стабилизиран извор со регулација на напонот, секој електроничар треба да поседува барем уште сигнал-трасер и сигнал-инјектор. За трасерот пишувавме и презентиравме проект во мартовскиот број, а во овој напис тема е сигнал-инјекторот, но не оној што најчесто се сретнува (со правоаголен сигнал), туку со синусен сигнал кој е најпогоден за испитување аудиоуреди.


Информатика

Со својата четврта генерација на Core процесорите – "Haswell", Intel конечно реши да одговори на предизвикот кој го наметнува актуелната состојба на полето на персоналните сметачи – мобилноста. А тоа подразбира идеален однос перформанси по единица потрошена снага и автономија која се мери во десетици саати. Кому уште му се битни гигахерците?


Физика

Брзината на светлината во вакуум е непроменлива константа во актуелната физика, меѓутоа во најново време во научната литература се појавиле размислувања според кои таа не е константа, туку дека флуктуира поради интеракција со виртуелните честички со кои, според квантната теорија, е исполнет вакуумот!


Металство и машинство

Во ова продолжение ќе ги објасниме основните принципи на функционирање на топловодното греење, ќе ги објасниме главните составни делови и нивната функција. Составни делови на едно парно се: котел, експанзионен сад, цевководен систем, сигурносни вентили, пумпа, радијатори, регистри, вентили.


Електроника

Самоградбата на ФМ-радиоприемник за прием на УКБ радиодифузното подрачје претставува посебен предизвик за радиоаматерите-конструктори, особено ако станува збор за најпроста можна верзија на таков приемник. Токму таква, наједноставна постоечка конструкција на ФМ-радиоприемник, објавуваме во овој напис.


Хемија

Среќен роденден македонска киселино C30H46O4!

Оваа година се навршуваат точно 50 години од именувањето на едно скромно соединение како македонска киселина. Додека во науката моментално се познати некои останати деривативи на оваа киселина, истражувањата за нејзината потенцијална примена како медицински препарат се сè уште во тек.


Аудио и видеотехника

Да ви раскажам една случка: без некои познавања од аудиотехниката, но со голема желба и многу елан, средношколец сака сам со свои раце да си направи звучници. По многу (или огромно многу) перипетии во дизајнирањето и изработката, ги вклучува готовите звучници на засилувач, и види чудо – свират! Бескрајна радост, па викање друштво да ги видат и чујат звучниците, па пуштање (пре)гласна музика, па пофалби, па правење важен... Позната ви е приказнава?


Информатика

Пред 15-ина години полека започна ерата на мобилните телефони во Македонија. Тогаш тие имаа екранче со 2-3 реда во кои собираше по 10-тина знаци, можност за воспоставување телефонски повик, за испраќање СМС и воглавно тоа беше сè. Ретко кој во тоа време можел да претпостави дека тие уреди денеска ќе бидат заменети од т.н. паметни телефони. А и поради нивната цена, ретко кој тогаш можел да си ги дозволи. Но години подоцна, мобилните телефони станаа неопходен додаток во нашето секојдневие.


Астрономија и астронаутика

Пловењето на човекот низ вселената како желба датира од многу одамна, но како математички и научно издржана идеја за првпат беше изразено дури на преодот меѓу деветнаесеттиот и дваесеттиот век. За успесите на денешната астронаутика морме да им заблагодариме на нејзините пионери, меѓу кои најпознати се Циолковски и Годар, кои беа упорни во својата долгогодишна работа и успешно се соочуваа со скептицизмот и потсмевањето на тогашниот интелектуален свет.


Металство и машинство

Еден од главните составни делови на секој водоводен систем е пумпна станица (хидрофор) и доколку се занимавате со водоводни системи, мошне доста често ќе се најдете во ситуација да сервисирате или, пак, да монтирате пумпна станица. Какви специфики, составни делови и принцип на работа има пумпната станица, ќе опфатиме во ова продолжение.


Телекомуникации

Долго време во Емитер не сме имале радиостаница на тестирање. Интересно беше да видиме дали има напредок во оваа област и што прават гигантите на радиокомуникациските решенија. На тест ја земавме Моторола TLKR T6 и нејзината помала сестричка TLKR T4. Двете радиостаници се направени за иста намена: фамилијарни авантуристички активности, совршени за луѓе кои сакаат да ја истражуваат природата.


Телекомуникации

ТВ-дигитализацијата е голем, сложен и скап процес, но Македонија успешно го заврши тој квантен скок. Македонија е прва во регионот и една од ретките земји во Европа и во светот кои целосно го направија преминот од аналогна кон дигитална телевизија.


Аудио и видеотехника

Интернетот и појавата на книги и весници во електронска форма сериозно ги загрозија пишаните медиуми и издавачките куќи. По сè изгледа дека следни на ред ќе бидат телевизијата и телевизиските куќи бидејќи помладите генерации сè почесто гледаат телевизија преку интернет. Ќе ја изгуби ли битката телевизијата или...?


Аеронаутика

Шумските пожари отсекогаш задавале главоболка и претставуваат дел од летното секојдневје. Едни од главните сили за гаснењето на шумските пожари се воздухопловите кои се специјално наменети за такво дејство. По многуте шумски пожари во Македонија во текот на 2007 и 2008 година Владата на Р.Македонија набави 3 специјализирани авиони за гаснење пожари од типот Air Tractor AT-802A и тие станаа оперативни есента 2009 г.


Информатика

Значењето на добриот софтвер за заштита на вашиот систем, нема потреба да се потенцира. Во услови кога на пазарот има голем избор на софтвер за оваа намена, понекогаш е тешко да се избере најдобриот. Секако, во оваа категорија - најдобриот, според мене спаѓаат неколку производи, а меѓу нив секако се софтверските решенија на компанијата ESET. Во оваа пригода ќе ве запознаам со нивниот all-in-one софвер за заштита, познат како ESET Smart Security 6.


Медицина

Освен што несомнено се едни од најубавите украси во нашиот дом, домашните растенија и цвеќињата многу позитивно делуваат на здравјето. Тој факт денес го потврдуваат бројни експерти. Причините поради кои на цвеќето во нашиот дом можеме да гледаме како на чувар на нашето здравје, се многубројни.


Медицина

Веројатно сте слушнале дека Анџелина Џоли, се подложи на мастектомија (отстранување на двете дојки) откако дознала дека нејзиниот тест за генетска мутација на генот BRCA1 е позитивен! Зошто се решила на еден ваков чекор?! Дали можеби не избрзала?! Постојат ли и други понерадикални начини за превенција. Прочитајте го текстот за да дознаете повеќе!


Електроника

Овој инструмент, согласно со неговиот назив, дава можност за тестирање биполарни и униполарни транзистори. За таа цел се употребува функцијата за мерење диода и спроводливост (положбата со знакот диода и звучен сигнал). Овие два вида транзистори се разликуваат според начинот на функционирањето, што значи дека постои одредена разлика и во начинот на нивното тестирање. Со кратко потсетување на основните принципи на работа на овие транзистори, во текстот е даден начинот на нивното тестирање.


Фототехника

Rosco LitePad Loop Pro комплетот е наменет и за ентузијасти-аматери и за корисници-професионалци. Овој комплет за светлина обезбедува мека кружна светлина за убави уметнички снимки и музички спотови, а тежи само околу 3,5 kg. На пазарот за светлосни уреди овој комплет доаѓа спакуван во сопствено куферче со заштита од оштетување при транспорт, но за патување со авион потребна е дополнителна заштита.


Фототехника

Просто како 1-2-3. Поврзи го безжично Sony Cyber-shot DSC-HX50V со твојот таблет или smartphone, или на твојата домашна мрежа, и сподели ги тукушто направените фотографии. И тоа е сè? Да, во поглед на WiFi-поврзувањето. А за "камерата", другите можности и мануелни нагодувања, прочитајте во текстот што следува!


Информатика

Секоја година, околу 7 милиони средношколци од целиот свет развиваат сопствени оригинални истражувачки проекти коишто ги претставуваат на повеќе локални научни натпревари со надеж дека нивниот, токму нивниот проект ќе се пробие сè до финалниот Меǵународен саем за наука и инженерство на Интел, програма на Друштвото за наука и јавност (Society for Science & the Public).


Информатика

Обичното бришење на податоците и форматирањето не се доволна гаранција дека податоците не можат повторно да бидат достапни. Софтверите за враќање податоци во голема мера успеваат нив да ги повратат. Физичко уништување на дискот? Може, но не мора. Постои поелегантно решение – сигурносно бришење!


Омнибус

50-години од летот на првата жена во вселената, Валентина Терешкова;
Пластична замена за природните антитела;
Таум Саук, моќна нова технологија;
EISA дуо соло Cambridge Audio Azur 851A;
Загубената меморија се враќа;
Г-ММ во нов деловно-изложбен простор;
Награди за македонските пронаоѓачи на изложбата во Белград;
Безконтактна репродукција со Contact на Kaiser Baas;
Големо езеро на сатурновата Месечина Титан;
Печатени соларни ќелии;


Писма
NE5532 наместо TL082 во активен филтер за сабвуфер
Избор на засилувач