Рубрика: Хемија
Среќен роденден македонска киселино!
Автор: Александар Кондински
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Среќен роденден македонска киселино C30H46O4!

Оваа година се навршуваат точно 50 години од именувањето на едно скромно соединение како македонска киселина. Додека во науката моментално се познати некои останати деривативи на оваа киселина, истражувањата за нејзината потенцијална примена како медицински препарат се сè уште во тек.

Ако запрашате хемичар или минeрaлог од Македонија за име на македонско соединение, одговорот е повеќе од предвидлив: македонит (PbTiO3) или лорандит (TlAsS2). Двата наведени материјали претставуваат неогрански соединенија кои имаат практична употреба. Нивната врска со Македонија се сведува на оригиналните откритија и карактеризации кои се одвивале на наша почва во изминатите два века. Помалку познато е органското соединение C30H46O4, кое претставува тритерпенски метаболит и е наречено македонска киселина (анг. macedonic acid, рус. мацедониковоé кислот). Македонската киселина е именувана по растението Glycherrhiza macedonica (Boiss and Orph.) односно македонски сладунец, од кое таа е првпат изолирана во 1963 година, од советскиот хемичар Киријалов.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.